Ослабете додека седите на работното биро

Многу е лесно да се фрли некое килце на себе доколку постојано се седи пред компјутер. Работното биро е совршено место за дебелеење, а причината е очигледна: комбинација од неподвижност и разни грицки кои сакате да си ги „мљацкате“ во текот на денот. Можете да ослабете ако се откажете од грицките, ја користите паузата за вежбање во теретана или, пак, почнете да ги практикувате овие 5 едноставни совети додека сте на местото на злосторството.Ослабете додека седите на работното биро

Понесете си ужина од дома

Тешкиот работен ден нема да ви дозволи да издржите само со ручекот. Оттаму и ви се јавува потребата за дополнително полнење на стомакот. Затоа, кога веќе сакате да ставите нешто плус во устата, тоа нека бидат 2 тенки парчиња кашкавал или диетален јогурт. Нема да внесете многу калории, а ќе ќе внесете протеини и ќе се чувствувате заситено.

Скријте ги грицките

Далеку од видик, далеку од ум. Ова е заклучокот од едно скорешно истражување кое покажа дека испитаниците изеле 70% повеќе бонбони кои стоеле во проѕирна тегла, за разлика од количината што ја изеле кога биле складирани во непроѕирна. Па затоа, наместо да ги чувате своите омилени грицки на бирото, каде што најверојатно нема да се задржат ни до 15 часот, тргнете ги настрана, во шкафче или во фрижидер.Ослабете додека седите на работното биро

Набилдајте ги стомачните мускули

Прилагодете ја висината на столицата така да колковите ви се на 3-5 см над колената. Потоа навалете се напред за да дојдете со градите над колковите и стегнете ги лопатките (зад рамената) за да го буткате градниот кош кон напред. Со ова едноставно движење ќе го ангажирате горниот дел од телото, па така можете да набилдате „чоколаден“ стомак.

Стискајте си го задникот на секој имејл

Само затоа што по цел ден седите на вашиот задник, не значи дека не можете да работите на зацврстување на мускулите. Во моментот кога ќе стиснете на копчето Send, згрчете ги мускулите од долниот дел на телото и задржете така 5 секунди.  Потоа, опуштете се 5 секунди. Направете го ова 4 пати. Набрзо, ќе создадете условен рефлекс да се стегате на секој испратен имејл. Доколку имате шеф кој постојано ве бомбардира со пораки, очекувајте да ги видите резултатите за само неколку недели.Ослабете додека седите на работното биро

Вежбајте со нозете

Ретко кој шеф би ви дозволил да правите пауза за да правите склекови или други вежби за затегнување во канцеларијата. Но, тој не мора да знае дека вежбате, нели? Исправете се на столчето. Испружете ја едната нога напред така да дојде паралелна со подот, потоа истегнете го стапалото и задржете така 5 секунди. Спуштете ја полека, одморајќи се 5 секунди и повторете го истово со другата нога. Дузина подигнувања на нозете во текот на денот се доволни за да добиете позатегнати нозе. Дополнително, не заборавајте да правите и кратки вежби за релаксација и ослободување од стрес.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар