Ослабете 12 кг, 10 см и 2 конфекциски броја за само 6 недели

Смачено ви е од широката облека во која се чувствувате удобно и сигурно? За 6 недели можете сосема да го смените вашиот физички изглед и комплетно да си го промените стилот на облекување. Револуционерната диета „Shred“ на д-р Ијан Смит ќе ви овозможи да го промените начинот на живот, доколку навистина се чувствувате подготвено за ваков чекор.

Ослабете 12 кг, 10 см и 2 конфекциски броја за само 6 недели

Зошто е револуционерна оваа диета?

Постојат повеќе причини. Прво и основно, ова е начин на живот, не само план на исхрана. Ќе треба да промените некои навики (или сите) и полека да ги забележувате промените од недела во недела. Треба да научите да јадете повеќе пати во денот, во помали количини, да ги мерите намирниците пред да ги конзумирате и да ги броите калориите. На крајот од денот треба да си ги запишувате сите оброци и активности во дневник за да знаете каде сте погрешиле доколку не ги добиете очекуваните резултати на крајот на секоја недела.

Втората битна работа е вежбањето. Мора да вежбате. Ако сте мрзеливи и сакате само да ослабете брзо за што побрзо да ги видите резултатите, овој начин на живот не е за вас. Треба да имате волја и енергија да работите на себе, силна желба да си го видите телото променето, и да правите сосема вообичаени работи во процесот додека да ја постигнете целта. Се вежба 5 пати во неделата. Можете да одбирате од неколку понудени видови активности, а треба да сте активни меѓу 30 и 40 минути минимум во тие 5 дена. Се работат кардио вежби, па ваше е да изберете дали ќе се зачлените во добра теретана или ќе ги загреете патиките за трчање кои сте ги заборавиле зафрлени во шкафчето за чевли.

Ослабете 12 кг, 10 см и 2 конфекциски броја за само 6 недели

Третата битна работа е прецизноста. Многу луѓе не успеваат да ги постигнат резултатите кои ги гарантираат разни диети заради тоа што или се многу ригорозни или допуштаат отстапки. Но, кога правите отстапки, често не ги земате предвид хранливата и калориската вредност на продуктите, па наместо да слабеете, вие можеби го постигнувате спротивниот ефект.

Храната и планот на исхрана во оваа диета е прецизен, и во однос на намирниците, начинот на кој се комбинираат и НАЈВАЖНО – во однос на количините. Тука нема простор за отстапки. Можете да бирате од список со предложени јадења, но не смеете да надминувате или да заменувате намирници без да знаете дека тоа е паметен потег. Практиката покажува дека заменувајќи намирници и отстапувајќи од количините во режимите кои го дозволуваат тоа, тие всушност ви овозможуваат да се опуштите до степен што после 2-3 недели веќе не држите диета, туку си јадете што ви се јаде, кога ви се јаде и колку ви се јаде, а само психички сте оптоварени со фактот дека сте на диета.

Ослабете 12 кг, 10 см и 2 конфекциски броја за само 6 недели

Како треба да се храните?

Добра вест за оние кои се навикнати на поголеми количини и почесто јадење е дека нема да чувствувате глад. Ќе јадете по 7, а некогаш и по 8 пати на ден, при што имате 4 главни оброци и 3-4 ужинки. Јадејќи на час и половина до три и пол часа, не му дозволувате на телото да се чувствува слабо и изнемоштено, ниту пак вашиот желудник да почне да плаче за храна, додека со правилниот внес на потребните хранливи материи во вистинскиот дел од денот, му овозможувате нормално функционирање на организмот и стабилизирање на метаболизмот.

Планот на исхрана отприлика ќе ви изгледа вака:

  • 8.30: Појадок
  • 10.00: Ужинка 1
  • 11.30: Ручек 1
  • 13.00: Ужинка 2
  • 15.30: Ручек 2
  • 19.00: Вечера
  • 20.30: Ужинка 3

Битно е да јадете на секои 3-4 часа, а ужинките, доколку одлучите да ги вклучите во вашето дневно мени, доаѓаат помеѓу главните оброци, но најрано еден час после секој. Редоследот на оброците и ужинките е важен. Понекогаш можете да го смените, но не пречесто. Прескокнувањето оброци не е добро.

Уште една позитивна карактеристика на оваа диета е разновидноста во исхраната. Имате доволно избор за да не ви се здосади од ништо, а ако се случи тоа, секогаш можете да направите промена следниот ден.

Исто така, нека не ве плаши честото јадење, ужинките се мали и ако ги подготвувате однапред, нема да ви биде проблем да си ги носите во чантата и да ги јадете секогаш кога ќе ви заѕвони потсетникот на вашиот мобилен телефон. И останатите оброци не се многу тешки за приготвување, ниту пак скапи. Ова е ера на инстант супи, смуди барови и штандови со салати и цедени сокови за носење.

Секоја од шесте недели има различно име: подготовка, предизвик, трансформација, искачување, чистење, експлозија. Сите имаат свој план кој треба да го следите.

Како да дојдете до овој план на живот кој може да ви го промени животот?

Д-р Ијан Смит е автор на книгата „Shred: The Revolutionary Diet: 6 Weeks 4 Inches 2 Sizes“, која се продава на Амазон за 12 долари во електронска верзија за Киндл, односно за 13 во печатено издание со меки корици.

Ослабете 12 кг, 10 см и 2 конфекциски броја за само 6 недели

Напомена: Не скокајте веднаш штом ќе ја имате книгата в раце. Прочитајте ги насоките, концептот, советите, правилата. Колку повеќе сте информирани, толку подобро ќе ја започнете првата недела и толку полесни ќе ви бидат неделите кои следуваат. Конвертирајте ги мерките во нашите мерни единици за да знаете колку од што можете да јадете. Разгледајте ги секциите со рецепти за смуди, ужинки, шејкови и супи. Купувајте намирници за цела недела, планирајте ги оброците ден претходно и не се качувајте постојано на вагата. „Слушајте“ го точно она што ви го „кажува“ книгата и за кратко ќе почнете да гледате како вишокот килограми се „рендаат“ од вашето тело. Голема е веројатноста другите да ги забележат промените пред тоа да го стори вашата вага.

Доколку треба да ослабете повеќе, диетата можете да ја повторите, при што вториот пат, можете да ги изберете само оние недели од циклусот кои вам најдобро ви одговараат или со кои сте постигнале најдобри резултати.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар