Организирајте си го плакарот со помош на вашиот компјутер

Без разлика дали имате купишта облека и модни додатоци во вашиот плакар, па често заборавате што сè поседувате кога треба да направите комбинација или пак не се грижите премногу за вашиот изглед, па би ви била добредојдена секаква помош на овој план, виртуелните организери на вашиот плакар ќе бидат супер алатка во вашето секојдневие. Овде ви нудиме 3 алатки со различни можности и ограничувања.Организирајте си го плакарот со помош на вашиот компјутер

HomyFads Wardrobe Manager

Ќе почнеме од наједноставната алатка за организирање на вашата гардероба. Најдоброто од сè е тоа што е бесплатна, мала и едноставна и не бара пополнување на некаква онлајн форма за регистрација за да може да се користи.

Штом ќе ја инсталирате HomyFads, веднаш можете да почнете да го креирате вашиот виртуелен гардеробер. Секако, првиот чекор е фотографирање на вашите парчиња облека, за што треба да си одвоите неколку часа од вашето слободно време, но ова е скоро еднократна инвестиција во вашиот подобар имиџ. Не постои ограничување во однос на бројот на парчиња што можете да ги додавате, а бидејќи програмата работи само локално, на вашиот компјутер, разгледувањето низ парчињата облека ќе биде брзо и беспрекорно, дури и ако внесете фотографии со висока резолуција.Организирајте си го плакарот со помош на вашиот компјутерРезултатот од вашата работа, ќе произведе гардеробер кој физички ќе биде поделен на три „полици“. Од левата страна ќе можете да ги прегледувате различните категории со облеки кои сте ги креирале: панталони, капи, накит, чевли… Во средната колона ќе можете да гледате смален приказ од фотографиите со вашата облека, додека десно ќе имате можност за прегледување и за додавање детали за секое парче облека кое го поседувате.

Fashion Finder

Втората алатка, која делува како да им е повеќе наменета на жените, е целосно базирана онлајн, со нагласени можности за споделување преку социјалните медиуми. Можете да ја користите во нејзината основа форма, за да качувате фотографии од вашата облека и да ги систематизирате во категории за да ви биде поорганизирана.

Но, фокусот овде е повеќе на креирање комбинации. Можете, едноставно да направите комбинација со влечење на кое било парче облека кое вие го поседувате или пак некое од фотографиите кои се достапни на сајтот. Штом направите перфектен микс, можете да го споделите вашиот креативен производ со пријателите, преку Фејсбук и Твитер. Исто така, комбинациите се споделуваат автоматски преку мрежата на Fashion Finder, што значи дека секој ќе може да види што сте склопиле и да му даде оценка. Најдобро рангираните комбинации се прикажуваат и на почетната страница.Организирајте си го плакарот со помош на вашиот компјутерРегистрирањето на Fashion Finder е бесплатно и е потребно само за креирање и организирање на вашиот онлајн гардеробер, додека за брзо креирање комбинации, нема потреба од тоа.

ClosetBank

ClosetBank е алатка која има доста сличности со Fashion Finder, но и неколку разлики. Кога би зборувале само за организација на облеката, ClosetBank би била подобрата алатка, со оглед на едноставниот преглед и можноста за додавање детали на секое парче облека. Интерфејсот на ClosetBank е малку подобар во однос на пренатрупаниот изглед на Fashion Finder, но сепак далеку од прецизниот на HomyFads.Организирајте си го плакарот со помош на вашиот компјутерОд друга страна пак, опцијата за креирање комбинации „Dress up“ е многу послаба од онаа на Fashion Finder. Облеките се додаваат преку мени, што е некако ограничувачки и може да прави проблем доколку апликацијата се користи во Google Chrome. Бидејќи ClosetBank нема линкови до други веб-сајтови во улога на нивни партнери, не можете да додавате облека автоматски од оние кои ја продаваат, туку мора прво да најдете слика, да ја симнете на вашиот компјутер и потоа да ја качите на сајтот.

Моментално се работи на нова верзија од сајтот, така што на ClosetBank подобро да е му се вратите и да му дадете шанса за некое време. Во меѓувреме можете да се регистрирате и да чекате да добиете известување кога ќе биде готов. Ветуваат многу нови можности, па можеби вреди да си ги подгреваме очекувањата.Организирајте си го плакарот со помош на вашиот компјутер

Заклучок

Веројатно, за оние кои едноставно сакаат помош од некоја софтверска апликација која ќе има улога на потсетник за сè што тие поседуваат во својот плакар, HomyFads ќе биде најдобриот избор. Доколку пак, повеќе сакате да споделувате сè што ќе направите, комбинирајќи ваша облека и онаа која би сакале да ја имате, тогаш ви препорачуваме да изберете некоја од останатите две апликации на оваа листа. Секако, не заборавајте да ги земете предвид нивните предности и недостатоци. А со оглед на моменталната нецелосна функционалност на ClosetBank, доколку ви се брза, изборот станува доста потесен, па и поедноставен.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Branislav Reply

    Ej me zagolickavte.Ke probam sega !

  2. jas Reply

    me voodushevi idejata, i vednash ja simnav prvata programa. ednostavno za koristenje, no mnogu go kochi kompjuterot, a i samata programa ima problemi pri otvaranjeto.

  3. An4e Reply

    vednas ja simnav prvata programa i ne mi dava da stavam sliki…zsh e taka???

Остави коментар