Опасност! Предупредувачки знаци во пријателството

Платонските врски помеѓу пријателите се едни од најзначајните врски во нашиот живот. Сè повеќе и повеќе истражувачи покажуваат дека нивното одржување доведува до значително подобрување на нашето физичко и емоционално здравје. Но често, поради чувство на лојалност, страв или грижа на совест, луѓето си прават премногу притисок на себе за одржување и на оние недоволно добри пријателства кои им предизвикуваат повеќе стрес на подолг план отколку кога би ги прекинале.

Опасност! Предупредувачки знаци во пријателството

Всушност, кое било пријателство, во самото јадро е поврзаност помеѓу двајца во даден момент – синџир од моменти во времето. Поради тоа не е реално да се очекува дека една личност со која сте биле блиски во одреден период од вашиот живот, ќе сакате да остане покрај вас и во иднина. Исто така важно е да се запомни дека доколку имате прекрасна врска која по некое време ќе стане помалку прекрасна, крајот на пријателството не го уништува позитивното искуство кое настанало претходно. Понекогаш пријателствата едноставно слабеат или исчезнуваат како што двете личности растат или се менуваат и тоа не значи дека мора да биде по нечија вина.

Имајќи го тоа на ум, понекогаш пријателствата завршуваат со многу погорчлив „вкус“. И може да биде многу збунувачки доколку и двата лика не се на истата страна. Многу често прекинот може да биде проследен и со многу стрес и можеби ќе бидете збунети дали, зошто и како се завршило. И покрај тоа што нема цврсти правила, сепак постојат неколку знаци кои укажуваат на пријателство во опасност:

1. Не ви се допаѓа кој сте кога сте со него/неа. Можеби секогаш кога сте покрај вашиот пријател се чувствувате злобно, пасивно-агресивно или пак дури и отворено агресивно. Или пак, се чувствувате натпреварувачки, огорчено или премногу завидливо – а од друга страна, со другите ваши пријатели воопшто ги немате овие чувства. Можеби, кога се е кажано и направено, мора да признаете дека навистина не го сакате она што е најдобро за вашиот пријател. Ако ова е случајот, што е вистинската основа на тоа пријателство?

2. Вашиот пријател ги повикува на површина вашите лоши однесувања. Можеби пиете премногу, лажете повеќе, трпението ви е намалено или чувствувате како вашата креативност да ја снемува. Можеби вашата работа или оценките ви се во опасност или пак, почнувате да се двоумите во вашата врска или брак на начини на кои не сте ни размислувале претходно. Постојат многу начини на кој пријателот може да има лошо влијание, далеку после деновите на пушење цигари после школските часови.

3. Пријателството ви изгледа небалансирано. Реципроцитет? Каков реципроцитет? Можеби тој/таа постојано ги позајмува вашите нешта и никогаш не ви ги враќа или пак, толку пати сте направиле вечера како услуга за него/неа што почнувате да се чувствувате како готвач на повик. Или, можеби работите се насочени на друга страна и тој/таа прави толку многу за вас, но вие мора да признаете дека воопшто не сте заинтересирани за враќање на услугата. Во секој случај, еквилибриумот е срцето на секое длабоко пријателство.

4. Зборовите со кои би го опишале вашиот пријател воопшто не се пофални. Можеби вие постојано го/ја исмејувате во вашата глава и тоа не на позитивен начин. Или пак, се чувствувате супериорно и поради тоа ве нервира. Дали е можно веќе да не ви се допаѓа тој/таа?

5. Изгледа како вашиот пријател да не сфаќа кои сте. Можеби тој/таа постојано не ве сфаќа или ве посрамотува за вашите дневни навики, како се облекувате или како готвите. Почнавте да се чувствувате многу неценето или пак, намерно ги нагласувате вашите „маани“ само за да го/ја нервирате. Во секој случај, ова е сосема спротивно од безусловна љубов.

Дали пријателството може да стигне до овие точки и потоа да биде спасено? Можеби, но само ако чувствувате дека е фаза, наместо долготрајна шема. Добро размислете дали сè уште постои вистинска основа за здрава врска со која ќе можете да ги вратите работите назад. Исто така размислете дали вака се чувствувате со сите ваши пријатели или само со еден од нив. Ако одговорите не се добри, имајте на ум дека не сите пријателства траат засекогаш. И покрај тоа што можеби социјалните мрежи помагаат при нивното одржување, сè што им должите на вашите пријатели е само добрина и почит, а не и завет додека смртта не ве раздели.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар