Оној кој има намера да остане со вас, секогаш ќе се бори за вас

Оној кој има намера да остане со вас, секогаш ќе се бори за вас

Во врската со него нема да има несигурности, нема да треба да ги преиспитувате неговите намери, ниту пак да чекате некој знак, затоа што сѐ ќе ви биде јасно. Погледнете ги овие 15 начини на кои оваа личност ќе се бори за вас и за вашата врска.

Оној кој ќе има намера секогаш да остане со вас, секогаш и ќе се бори за вас

1. Ќе се бори за вашето внимание

Тој ќе се претстави самоуверено, искрено ќе ви ги покаже своите намери и комуникацијата ќе ви биде едноставна. Стравот од одбивање нема да го спречи подобро да ве запознае, а првиот впечаток ќе ви биде прекрасен и тој ќе се потруди да го запаметите.

2. Ќе се бори подобро да ве запознае

Ова момче нема да ви испраќа некои глупави пораки само кога му е досадно. Тој ќе се потруди повеќе да ве запознае, ќе ви поставува прашања, а и ќе памети што ви се допаѓа, а што не. Вие нема да треба да преиспитувате дали му се допаѓате или не, затоа што одговорот очигледно ќе биде потврден.

3. Ќе се бори да го задржи вашиот интерес

Тој ќе измислува убави места каде што би можеле да отидете, разговорите ќе ви бидат интересни и ќе ве изненадува на различни начини. Тој сака да знаете дека се грижи и се труди за вас.

4. Ќе се бори да ги сруши вашите ѕидови

Тој ќе ви поставува тешки прашања, ќе слуша за вашето минато и ќе се обиде да разбере зошто сте поставиле ѕидови околу себе. Тој ќе сфати дека секој сака да го заштити своето срце и нема да се плаши да се бори за да ја сруши вашата заштита.

5. Ќе се бори да ја докаже својата лојалност

Тој знае дека довербата не се дава, туку дека треба да се заслужи, па така, ќе сака да ја придобие вашата доверба. Тој ќе ги одржува неговите ветувања, ќе биде со вас и ќе презема одговорности ако нешто не излезе ако што треба. Вие нема да се сомневате во неговите намери, затоа што тој е јасен уште од првиот ден.

Оној кој ќе има намера секогаш да остане со вас, секогаш и ќе се бори за вас

6. Ќе се бори да пронајде пат во вашиот свет

Тој ќе се потруди да ги запознае вашите пријатели и семејството. Ќе го интересира она што вам ве интересира. Ќе стане дел од вашиот свет и ќе ве повика и вие да станете дел од неговиот.

7. После кавгата, ќе се бори да покаже дека навистина му е гајле

Дури и кога ќе ви се лути, нема да дозволи да заборавите колку му е грижа за вас. Тој ќе биде праведен и разумен. Ќе се бори да останете заедно, а не да биде по негово.

8. Ќе се бори за вас

Твоите непријатели ќе станат и негови. Тој ќе ги слави вашите победи како свои. Ќе биде член на вашиот тим полн со ентузијазам и ќе се бори да ви помогне по секоја цена.

9. Ќе се бори да ве насмее кога имате лош ден

Кога ќе се чувствувате лошо, тој ќе ве расположи, а добро знае што треба да направи за повторно да се насмевнете. Исто така ќе знае дека и вие истото ќе го направите за него.

10. Ќе се бори постојано одново да се заљубувате во него

Тој нема да престане да прави некои работи само затоа што сте негови, туку целиот живот ќе продолжи да ве изненадува со мали нешта.

Оној кој ќе има намера секогаш да остане со вас, секогаш и ќе се бори за вас

11. Ќе се бори за вас во моментите кога се сомневате

Кога ќе се сомневате во вашата врска, тој ќе биде до вас, ќе биде полн со трпение, разбирање и охрабрување. Тој нема да ве напушти дури ни кога некој друг можеби би го направил тоа, туку ќе биде со вас без оглед на сите проблеми.

12. Ќе се бори за работите во кои вие верувате

Вашите страсти ќе станат и негови. Тој ќе ги почитува вашите вредности и ќе сака да ви помогне за да се борите во она во што верувате.

13. Ќе се бори за покрај вас да се развива како личност

Секоја врска доаѓа до фаза на стагнација, но оној вистинскиот секогаш ќе сака да се развива како личност покрај вас, а и вам ќе ве инспирира да го правите истото – вие ќе сакате да бидете подобра личност, а и тој ќе се чувствува исто поради вас.

14. Ќе се бори секој нов ден да ве сака повеќе од претходно

Тој ќе знае дека во љубовта не постојат граници и дека секогаш можете да сакате уште повеќе. Ваквата личност секојдневно ќе се бори да ви покаже колку сте посебни.

15. Ќе се бори засекогаш да бидете негова

Нема да морате да се прашувате кои се неговите намери и дали сака да биде со вас подолг период, зашто тој секогаш ќе ве потсетува дека е сериозен во врска со вас и дека сте девојка за која вреди да се бори. Тој секогаш ќе се бори со иста сила, секој ден, до крајот на неговиот живот.

Оној кој ќе има намера секогаш да остане со вас, секогаш и ќе се бори за вас


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар