Онлајн-водич: Патување со кола по светот

Како што патувањето со кола по светот станува сè попопуларен облик на авантура, на интернет се појавуваат сè поголем број веб-сајтови кои можат да ви бидат од голема помош совршено да го организирате вашето патување.

Онлајн водич: патување со кола по светот

Покрај задолжителниот технички преглед на автомобилот, спремањето одлична музика за по пат, силната волја и начелниот план за патувањето, треба да се потковате и со бројни информации пред да излезете на отворен пат. Покрај познатите сервиси како „Tripadvisor“ „Booking“ и „Airbnb“, кои ќе ви помогнат да најдете пристапно сместување и да прочитате нешто повеќе за сместувачкиот објект и за местото, ова се неколку сервиси кои ќе ви го направат патувањето полесно.

Theaa

Овој сервис има интересни општи совети за тоа кои документи ви се потребни за патувањето, како и конкретни совети и препораки за секоја земја. Исто така, нуди и преглед на сообраќајните знаци на кои можете да наидете на патот, информации колку промили алкохол е дозволено, дали морате да возите со светла преку ден и слично. Тука ќе ги најдете и цените на патарините на најважните европски патишта.

Viamichelin

Ова е најдобриот веб-сајт за патување според оценките од корисниците, бидејќи овозможува да ја одберете рутата која според вас е најдобра, најекономична и најкратка. Тука ќе најдете и препораки за хотели, ресторани и знаменитости за разгледување. Покрај тоа сајтот ви нуди и приказ на бензински станици и паркиралишта и пристап до одлични карти со упатства за возачите.

Driverabroad

Овој веб-сајт нуди необични информации како листи со најопасните патишта во светот (најмногу ги има во Еритреја), најпрометните патишта (најмногу во Мароко), необични закони и слични податоци. Исто така, сајтот нуди детален преглед на патиштата во преку 200 земји.

Angloinfo

Овој сајт првенствено е наменет за луѓе кои се селат од една во друга земја. Покрива 38 земји, повеќето од Европа, а голем дел од информациите се посветени на законите и прописите, но има и совети што да направите во случај на сообраќајна несреќа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар