Омилено зимско дуо: Мини здолниште и голем, топол џемпер

Кога низ прозорецот од собата ќе видите дождливи капки и дрвја кои се нишаат на силниот ветар, мини здолништето сигурно не е првото парче облека кое ќе ви падне на памет. Но, кога е времето нешто поблаго кон нас, тогаш тоа е идеална алатка за креирање сексапилна модна комбинација во која одличен баланс ќе направат големиот, топол џемпер и дебелите хулахопки. Со оглед на тоа дека хулахопките со принт станаа еден од најомилените трендови на секоја дама со стил, ова здолниште е идеален начин за и вие да ја покажете вашата интерпретација на овој тренд.

1-omileno-zimsko-duo-mini-zdolnishte-golem-topol-dzhemper-www.kafepauza.mk_

Кога зборуваме за популарни модели на здолништа, оваа сезона изобилуваат кожните и моделите на преклоп, изработени од твид. Карираните модели исто така се во тренд, а светкавите здолништа одлично ќе се вклопат во празничната еуфорија. Носете ги во комбинација со омилените модели на чизми, без разлика дали ќе изберете чизми до глужд или чизми над колена.

4-omileno-zimsko-duo-mini-zdolnishte-golem-topol-dzhemper-www.kafepauza.mk_ 9-omileno-zimsko-duo-mini-zdolnishte-golem-topol-dzhemper-www.kafepauza.mk_ 8-omileno-zimsko-duo-mini-zdolnishte-golem-topol-dzhemper-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страница за повеќе фотографии…


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар