Олеснете ја преселбата: 4 совети кои е добро да ги запомните

Автор: Софија Сионова

Преселбите се напорни, здодевни, исцрпувачки и се троши многу време на нив. Ако се селите првпат може да бидете многу неорганизирани. Еве неколку совети за преселбата да биде песна.

200270148-001

1. Однапред испланирајте

Ова е најважно и најочигледно правило при преселување. Сепак, ова не важи само за големи преселби, кога ги молиме сите кои ги познавате да ви помогнат. Вистинскиот план се состои од листи и распореди како и испланирани оброци. Напишани,  а не да лебдат во вашата глава. Вака ќе останете организирани, нема да заборавите на ниеден детаљ и ќе успеете мирно да се преселите, што е права реткост.

Овие неколку работи исто треба да ги земете предвид:

1. Кој и кога може да ви помогне околу преселбата? Распрашајте се по пријателите (ветете им пица и пиво) и ставете ги на смени. Затоа што колку и убаво да звучи, многу се мали шансите некој навистина да остане цел викенд вам да ви помогне.

2. Испланирајте ги првите неколку дена (недели) откако ќе се пресилите. Реално, секој момент кога не работите ќе се обидувате да го вклопите животот во новото место на живеење и ќе потрошите многу време на организација во просторот. Важно е да се наполните со енергија и однапред да испланирате што ќе јадете.

3. Кои предмети ви се веднаш потребни? Помислете на полнач за телефон, четка за заби, шишето вино… Ќе сакате овие работи да ги земете веднаш со вас за да не ги изгубите во текот на преселбата.

2. Направете листа кој треба да биде известен

Колку и да мислите дека најважни се само поштата и мајка ви, постојат многу луѓе/институции кои мора да бидат известени за вашата преселба. Направете листа на луѓе на кои би им била потребна вашата адреса. Тука се вашите најдобри пријател/ки  и банката, но тие не се единствените кои треба да го знаат вашето ново месото на живеење. Веднаш променете ја вашата адреса на сите места каде што била старата. Кога веќе ќе се сместите во новиот дом, веднаш јавете се на луѓето од списокот или пак пишете им имејл во кој ги известувате за вашето ново место на живеење. Потоа уживајте во топлината на новиот дом.

3. „Пролетно“ чистење

Преселбата во ново место е веројатно и најдобриот изговор кога станува збор за ослободување од непотребните работи. Тука спаѓаат книгите, чинии и сѐ останато што секојдневно не го користите. Одредете време и направете распоред за секоја соба. Кога ќе соберете сѐ што не ви е потребно, тогаш можете:

  • Да направите забава за разменување со другар(к)ите.
  • Да заработите некој денар од продажба на тие предмети меѓу познаници или огласувајќи ги онлајн.
  • Да ги подарите ги во хуманитарни организации.

Искористете ја ваквата можност за да направите попис на сето она што го поседувате. Колку го користите на месечна, неделна или дневна база. Ако акумулиравте многу работи со текот на годините и ви треба повеќе време да смислите што да им направите, тогаш подарете ги некому. Вашето „ѓубре“ може да биде нечие богатство.

2-olesnete-ja-preselbata-kaepuaza

4. Истражете го вашето ново маало

Пред да се вселите, истражете го вашето маало. Запишете ги најблиските продавници, ресторани кои би сакале да ги пробате, паркови за рекреација. Доколку имате можност истражете го маалото уште пред да се вселите. Направете листа на местата кои често би ги посетувале и запиштете интересни места кои би сакале да ги истражите. Така, сигурно добро ќе се вклопите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар