Одвојте 10 минути дневно за вашето здравје

За будење на организмот и зајакнување на вашиот имунитет потребни ви се само 10 минути дневно. Затоа заборавете на изговорите и почнете да мислите на вашето здравје.Одвојте 10 минути дневно за вашето здравјеЕдна минута за смеење: Само 60 секунди му се доволни на мозокот за да почне да лачи ендорфин, кој ги опушта мускулите.

Три минути за појадок: За брз и здрав појадок спремете јајца. Тие се богати со хранливи состојки, лесно се подготвуваат, а се погодни и за оние кои сакаат да ослабат.

Пет минути за физичка активност: Само пет минути вежбање дневно можат да имаат позитивно дејство на вашето здравје и да го покренат метаболизмот. Познатиот тренер Бен Гринфилд советува секое утро да правите 25 кратки скокови, 20 стомачни, 10 лесни склекови и 15 сквотови.

Една минута за заблагодарување: Научете да кажувате благодарам. Не само што ќе му го подобрите расположението на оној што му ја упатувате благодарноста, туку ова магично зборче ќе има многу позитивно влијание и на вашето здравје. Разбирањето и вреднувањето има позитивен ефект на срцето и го зајакнува имунолошкиот систем.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар