Одлични совети за убавина од Адријана Лима

Адријана Лима е една од најубавите жени во светот и со право се наоѓа помеѓу ангелите на „Victoria’s secret“. Токму затоа таа може да ви подели интересни совети за убавина.

Одлични совети за убавина од Адријана Лима

Маскара


„Мојата тајна, кога се очите во прашање, е константно носење маскара“ – вели Лима.

Таа истакнува дека секогаш нанесува маскара во повеќе слоеви.

„Скоро никогаш не ја вадам и постојано додавам нов слој. Иако на многумина тоа им изгледа хаотично, на моите очи тоа им дава посебен шарм. Секогаш ставам и на долниот капак од окото“ – вели таа.

Природен изглед

Доколку сакате да изгледате убаво, но природно, тогаш според Лима најдобро е да помешате малку пудра со светки или бронзер со вашиот лосион за хидратација на кожа.

„Тоа ќе ви даде природен изглед, кожата ќе ви добие необичен сјај, а останатите ќе имаат чувство дека немате користено шминка.“

Двојна придобивка од карминот


„Понекогаш истиот кармин за усни го користам и на образите. Така сè делува понежно и ненападно, а повторно се постигнува убав изглед.“

Одлични совети за убавина од Адријана Лима

Моливче за очи

Поголемиот дел од жените имаат проблем со нанесување моливче за очи.

„Доколку малку го навлажните моливчето, ќе ви биде многу полесно да повлечете убава линија.“

Масло од семки од лен за коса

Доколку сакате косата да ви расте побрзо, маслото од семки од лен е идеално.

„Не само што косата ќе ви биде посјајна, туку и ќе ви расте многу побрзо од вообичаено.“

Не мијте ја косата често

Според зборовите на Лима, доколку имате сува коса, тогаш немојте да ја миете секој ден.

„Доколку имате многу, многу сува коса, мијте ја еднаш неделно. Нормално, тука секогаш се разните масла, кои можат да ви го дадат потребниот сјај.“

Оние дами кои одат во теретана и се потат, препорачливо е почесто да ја мијат својата коса, но притоа да внимаваат каков шампон користат.

„Најчесто, секоја жена може сама да осети што е добро за нејзината коса“ – вели Лима.

Одлични совети за убавина од Адријана Лима

Бразилско фенирање

За нејзе бразилското фенирање е феноменална работа. Таа го препорачува на сите кои имаат брановидна коса.

„Мојата коса делува многу здраво, а третманот го применувам на секои два месеци. Она што е сигурно е дека веќе не можам да живеам без овој третман, бидејќи многу ми го олесни животот, со оглед на тоа што имам долга коса и доволно е само да ја измијам и да изгледа феноменално“ – истакнува таа.

Здрави намирници

Таа смета дека многу е важно што внесувате во својот организам, бидејќи тоа е многу важно за кожата, косата и ноктите.

„Доколку не се храните здраво, тоа ќе излезе на виделина, бидете сигурни. Исхраната е многу важна, затоа внимавајте што јадете.“

Диета

Таа најчесто не држи диети освен пред големите ревии. Нејзиното мени се состои од многу зеленчук. Обожава спанаќ, а зеленчук јаде и за појадок.

„Доколку сте зависни од постојано грицкање нешто, тогаш ви препорачувам капини или боровинки, кои се многу подобри од стандардните грицки.“

Одлични совети за убавина од Адријана Лима

Вежбање

Таа обожава да оди во теретана, а најмногу сака да скока на јаже. Посебно ѝ се допаѓа тоа што јажето може да го носи секаде со себе, дури и кога патува.

„Минималното време посветено на скокање со јаже може да ви биде 10 минути, а тоа е исто како да сте трчале 35 минути. Инаку, јас обично скокам со јаже и по еден час, а за тоа време согорувам повеќе од 1.000 калории“ – вели таа.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар