Одлични рецепти за волшебна љубов: 10 работи кои треба редовно да ги правите со партнерот

Времето минува многу брзо, а кога сте во врска или во брак многу е важно да имате што е можно повеќе моменти поминати со партнерот во нежност и почитување. Ако барате начин како да остварите подобра комуникација со партнерот или како да ја одржите страста во вашиот однос, обидете се барем нешто од оваа листа на волшебни љубовни предлози да спроведете на дело.

1-odlichni-recepti-za-volshebna-ljubov-10-raboti-koi-morate-da-gi-napravite-so-partnerot-sekoja-godina-www.kafepauza.mk_

1. Одете на патување, само вие двајца

Не мора да заминете на ексклузивна дестинација, бидејќи престојот на планина или село без останатите членови од семејството ќе направат повторно да се создадат искри помеѓу вас. Заборавете на сите обврски и уживајте во моментите кои ги споделувате со саканата личност.

2. Дозволете му на партнерот да одмори

Истражувањата покажуваат дека паровите кои во текот на годината минуваат барем недела дена одвоено, подобро функционираат кога се заедно. Дозволете му на партнерот да се одмори, но и да ве посака.

3. Изненадете го за роденденот и за годишнината

Поклонете му го на овој специјален ден целото ваше внимание и опсипете го со љубов. Подарокот не мора да биде скап, туку можете да организирате пикник или самите да направите честитка. На тој начин ќе му/ѝ дадете до знаење колку навистина ви значи.

3-odlichni-recepti-za-volshebna-ljubov-10-raboti-koi-morate-da-gi-napravite-so-partnerot-sekoja-godina-www.kafepauza.mk_

4. Почестете се со елегантно излегување во ресторан

Кога последен пат двајцата максимално сте се дотерале и сте отишле во ресторан? Ова е начин да ја разгорите страста помеѓу вас и да се присетите на минатите денови.

5. Преземете ги неговите/нејзините обврски на еден ден

Подарете му на вашиот партнер слободен ден. Сите обврски околу домот и децата, на само еден ден преземете ги врз себе. На размислувајте за тоа дали и тој/таа ќе ви возврати со иста мера. Уживајте во фактот дека ги правите среќни.

6. Посетете го местото на кое сте се запознале

Секоја година вратете се на местото на кое сте ја запознале вашата сродна душа. Покажете им колку тој ден бил значаен за вас и колку вашиот живот се подобрил откако чекорите заедно низ животот.

2-odlichni-recepti-za-volshebna-ljubov-10-raboti-koi-morate-da-gi-napravite-so-partnerot-sekoja-godina-www.kafepauza.mk_

7. Напишете љубовно писмо

Некои работи е полесно да се напишат отколку да се кажат. Ваквиот потфат ќе ја воодушеви вашата сакана личност, а и вам ќе ви донесе чувство на среќа.

8. Подгответе нешто специјално за него/неа

Доколку креативноста не ви е силна страна, барем можете да испечете колачи со кои ќе ја израдувате вашата сродна душа.

9. Научете нешто ново за партнерот

Осудете се да прашате и да барате одговори. Дознајте повеќе детали во врска со личноста со која го делите животот.

10. Медитирајте заедно

Истражувањата откриле дека медитацијата, молитвите и љубовта имаат слични нервни патишта во мозокот. Овие центри го зголемуваат лачењето на допамин, кој има пријатен ефект врз нашето тело.

Додека времето надвор е студено, погледнете кои интересни работи можете да ги правите со партнерот во кревет.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар