Одлични начини да заштедите на мејкап производи

Секоја жена ужива во средувањето и дотерувањето. Шминката пак е тука за да ги скрие сите нејзини несовршености. Некогаш можеме да ја нанесеме во огромни количини, односно повеќе отколку што ни е потребно. Но, тоа е само непотребен трошок. Доколку трошите премногу пари за купување шминка, тогаш ова се советите кои ќе ви помогнат да заштедите и максимално да го искористите секој мејкап производ.

1-fenomenalni-nachini-so-chija-pomosh-navistina-kje-zashtedite-na-mejkap-proizvodite-www.kafepazua.mk_

1. Немојте да купувате големо пакување маскара

Честопати како поклон со другите купени производи добиваме маскара. Притоа маскарата по еден месец го губи својот квалитет, па затоа најдобро е да ги избегнувате големите пакувања.

2. Исечете го пакувањето

Доколку шминката се наоѓа во туба или во пакување од кое не можете да ја истиснете во целост, тогаш земете ножички или нож и исечете го пакувањето. Овде се крие шминка која можете да ја искористите уште неколку пати. Доколку одите на патување, понесете ја таа шминка која ви е при крај, па нема потреба да купувате нова.

2-fenomenalni-nachini-so-chija-pomosh-navistina-kje-zashtedite-na-mejkap-proizvodite-www.kafepazua.mk_

3. Не купувајте млеко за бришење на шминка

Бебешкиот шампон е идеален кога е во прашање бришењето на шминката. Тој не предизвикува иритација на очите, а прилично е поевтин од разните млека и тоници за отстранување на шминката.

4. Гледајте туторијали

За да не фрлате пари на производи кои нема да ви одговараат, гледајте видеа од бјути влогерите на Јутјуб. Тие ќе ви понудат неколку совети, кои ќе можат да ви помогнат при изборот.

5. Прашувајте за бесплатни примероци

Некои парфимерии потполно бесплатно ќе ви дадат примероци од некои производи, а сè што е потребно да направите е да побарате.

3-fenomenalni-nachini-so-chija-pomosh-navistina-kje-zashtedite-na-mejkap-proizvodite-www.kafepazua.mk_


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар