Одлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсе

На полноќ на 13-ти декември минатата година, Бијонсе ги изненади своите фанови ширум светот со нешто што досега ниеден музичар не се осмелил да го направи – без никаква најава го објави својот најнов соло-албум, 14 песни и дури 17 видеозаписи. Оваа тајна беше зачувана сè до моментот на бомбастичната објава на албумот, што ја предизвика Бијонсе-треската која сè уште трае.

Станува збор за еден моќен проект, сосем различен од она што го гледаме на музичката сцена. Овој пат не само што ја слушаме музиката, туку имаме можност да ја доживееме на начин на кој самата Бијонсе ја доживува, што всушност е и главната цел. Албумот изобилува со теми како залудното трагање по перфекција, женската моќ, како и женската сексуалност.

Ова се 10 модни комбинации инспирирани од најновиот албум на Бијонсе.

1. Pretty Hurts (Погледнете исечок од спотот)

Главната тема на песната, како и на видеозаписот, е наоѓање убавина во несовршеното. Песната го покажува болното трагање по перфекцијата и лошите страни на обидите да се биде физички совршен. Што општеството прави за да ги поттикне младите девојки да бидат „совршени“?

Спотот изобилува со мотиви од 50-тите – смели бои, локни, високи пунџи и истакната женственост. Како би изгледала една модерна „верзија“ на гламурот од 50-тите, во едно послободно, кежуал издание?

Одлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсе

2. Haunted (Погледнете исечок од спотот)

Овој пат за момент се префрламе во 20-тите. Подготвени за малку готика? Бијонсе се движи во нешто што наликува на прилично морничав, прогонет хотел. Како што поминува, застанува накратко пред секоја соба, при што имаме можност да ги видиме, не толку пожелните лица на морничавите суштества. Она што Бијонсе сака да го претстави, е стравот на општеството од женската сексуалност, одлучност и моќ, дури и во 21-вот век.

Самата Бијонсе како да си поигрува со половите – во еден момент максимално ја истакнува својата женственост, а во нареден носи костим. За да го доловите овој изглед, одберете фризура која наликува на кратката фризура препознатлива за 20-тите, темна облека, тесен корсет кој ја истакнува вашата женственост, и, секако, темен кармин.

Одлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсе

3. Drunk in love (Погледнете исечок од спотот)

Црно-бела илузија, лесни ленени материјали и летен шмек. Целиот изглед „мириса“ на летна авантура покрај вода. Лесно би можеле да го доловите овој изглед. Бидете слободни, чувствувајте се удобно во својата кожа и задолжително „зачинете“ со впечатлив накит.

Одлични модни комбинации инспирирани од визуелниот албум на Бијонсе

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар