Одлични изговори кои ќе ви помогнат да не отидете денес на работа

4 јули, 2012 0 коментари од

Понекогаш вработените би кажале буквално СÈ само за да добијат слободен ден. Но, во последно време креативноста на луѓето постојано се зголемува и веќе ретко кој ја употребува познатата изрека „Имам некој чуден вирус, подобро да не дојдам на работа денес“.

Доколку и вие имате еден од оние денови кога би направиле сè само да останете дома, разгледајте ги наредниве неколку изговори кои „со сигурност“ ќе ви помогнат да не отидете на работа…Одлични изговори кои ќе ви помогнат да не отидете денес на работа1. Вчера испив премногу кафе и не можев да заспијам цела вечер. Ако дојдам денес на работа веројатно ќе заспијам за 20-тина минути…

2. Гатачката ми рече дека денес треба да бидам дома. Звучеше многу убедливо.

3. На диета сум.

4. Сите алишта ми се за перење, немам што да носам.

5. Премногу е облачно надвор, големи се шансите да има невреме подоцна.

6. Кучето ми ги сокри клучевите.

7. Мачката ми ја изеде вратоврската.

8. Удрив желка додека ја поминував улицата и мора да ја однесам на ветеринар.

9. Во „мрчаторско“ расположение сум, подобро да останам дома.

10. Времето е совршено за на плажа.

11. Немам веќе чиста долна облека.

12. Горивото поскапе сабајлево…

13. Син ми/ќерка ми си ги заборави патиките дома, мора да му/ѝ ги однесам на училиште.

14. Добив напад на алергија кога помислив на канцеларијата.

15. Не ме собираат обувките бидејќи нозете ми се премногу отечени.

16. Морав да се осигурам дека градинарот ќе засади сè каде што му реков.

17. Денес расположен/а сум само за гушкање, па мислам дека е подобро да останам дома.

18. Бебето ми ги голтна клучевите од колата.

19. Денес е неработен ден во мојата држава.

20. Само што добив на лото.

21. Полицијата побара помош од мене.

22. Имам змија во домот, ако не ја фатам нема да можам да дојдам на работа.

23. Има маратон од мојата омилена ТВ серија.

24. Братучетка ми почна да се пораѓа и јас сум единствената личност што може да ја однесе во болница на време.

25. Заклучена сум во сопствениот дом.

26. Ми се скрши предниот заб, мора итно да одам на забар.

27. Случајно си ги залепив прстите со супер лепак.

28. Во затвор сум и имав право само на еден повик, па се јавив кај вас за да ви кажам дека нема да можам да стигнам денес на работа.

29. Ме повикаа на суд – не можам да му кажам „не“ на законот.

30. Се зачитав текстови на Кафе пауза, нема да можам да стигнам на време. Ќе се видиме утре…

Кои се вашите најдобри изговори со кои успевате да „пропуштите“ ден на работа?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Liked this article? Read another similar article.

Поврзани содржини:

Живот, Занимливости, Работа

Тагови: , , , ,

За авторот

Студентка по психологија која во слободно време обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Одрекува дека е зависна од кофеин, но цврсто верува дека со помош на поголемо количество на кафе може да го освои светот. :)
0 коментари за “Одлични изговори кои ќе ви помогнат да не отидете денес на работа”

Остави коментар

Можеби ќе ве интересира:
Женски парфеми кои ја одбележаа 2012 година
Женски парфеми кои ја одбележаа 2012 година

Отворен е првиот салон за убавина „Hello Kitty“
Отворен е првиот салон за убавина „Hello Kitty“

Конфузии и дилеми - мистеријата на првиот состанок
Конфузии и дилеми – мистеријата на првиот состанок

Close