Одлична храна која треба да ја пробате во Грција

Многу од нас често го поминуваат летниот одмор во Грција. Плажите и морето се прекрасни, а цените ни се достапни. Но, Грција има и прекрасна кујна која можеби ја немате вкусено до крај. Погледнете некои од највкусните оброци кои ви ги нуди оваа земја.

1. Стифадо

(1)odlichna-hrana-koja-treba-da-ja-probate-vi-grcija-kafepauza.mk

Стифадото е една од најдобрите грчки манџи. Се прави со телешко или со зајачко месо, кромид, цимет и малку вино. Овој оброк се служи со свеж крцкав леб, но често како прилог може да се најде и ориз, тестенини или пире од компири.

2. Грчки јогурт и мед

(2)odlichna-hrana-koja-treba-da-ja-probate-vi-grcija-kafepauza.mk

Не може да одите во Грција без наутро да се послужите со освежителен грчки јогурт. Можете да го јадете чист, а можете и да додадете малку мед и свежи калинки. Ако сакате пообилен појадок, додајте малку житарици.

3. Долмадаки

(3)odlichna-hrana-koja-treba-da-ja-probate-vi-grcija-kafepauza.mk

Ова е всушност сарма од лозов лист. Направена е со ориз, понекогаш и месо, свежи зачини и сето тоа замотано во лист од лоза. Иако ја имаме и ние, вреди да ја пробате грчката верзија.

4. Кафе

(4)odlichna-hrana-koja-treba-da-ja-probate-vi-grcija-kafepauza.mk

Во Грција е доста популарно грчкото кафе, она кое нам ни е познато како турско. Но, ако ја посетувате земјата во летниот период, порачајте си некое фрапе, бидејќи го прават со одличен вкус.

5. Спанакопита (пита со спанаќ)

(5)odlichna-hrana-koja-treba-da-ja-probate-vi-grcija-kafepauza.mk

Оваа пита е полна со фета сирење, свеж спанаќ, кромид и малку зачини. Во Грција има многу пекари, па сигурно ќе ја сретнете оваа прекрасна пита.

6. Локумадес (крофни)

(6)odlichna-hrana-koja-treba-da-ja-probate-vi-grcija-kafepauza.mk

Секој кој бил на плажа во Грција е запознат со локумадес. Ова се мали крофнички кои ги служат со мед и ореви, а понекогаш и малку цимет. Највкусни се свежи, па најдобро е да ги пробате во ресторан или пекара. Ако немате време за тоа, речиси сигурно ќе помине некој на плажата кој ги продава.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар