Одговори на 7 непријатни прашања за породувањето кои сите жени се срамат да ги постават

Меган Кронвел, која за прв пат станала мајка, искрено и отворено зборувала за своето искуство. Таа одлучила да даде одговор на непријатните прашања кои сите жени се срамат да ги постават со цел барем малку да им го олеснат ова доживување.

„Пред бременоста мислев дека породувањето и мајчинството ќе дојдат природно. Тогаш го добив своето прво дете, Мириам, пред 5 месеци – и сфатив колку се излажав. “

Младата мајка објаснува дека гламурозните фотографии на познатите и славни личности се дефинитивно една од причините заради која бременоста изгледа како нешто сосема лесно.

2-odgovori-na-7-neprijatni-prashanja-vo-vrska-so-poroduvanjeto-za-koi-site-zheni-se-sramat-da-gi-postavat-www.kafepauza.mk_

1. Дали може да имам сексуални односи за време на бременоста и дали чувството е чудно?

Сите доктори најчесто советуваат дека сѐ додека нема тешко крвавење за време на бременоста, секоја жена може да ужива во сексуалните односи со партнерот колку што сака. Дури е и препорачано да се практикува секс неколку недели пред породувањето за организмот да се поттикне на контракции.

„Но, искрено, кога сте уморни и чувствувате мачнина, интимноста нема да ви биде ни на крајот од мислите. И да, ќе се чувствувате чудно, бидејќи чувството дека имате мало суштество во вас не е воопшто привлечно“, вели младата мајка.

2. Како навистина се чувствувате во текот на породувањето?

Некој ќе ги опише како силни удари по целото тело, но оваа мајка за контракциите вели:

„Го знаете она чувство пред повраќање? Налет на мачнина што го уништува целото тело, по што знаете дека целата содржина од вас ќе излезе надвор? Па, такво беше и моето чувство, само поболно. Започнува со епизоди на грчеви кои стануваат сѐ посилни додека повеќе ниту скокањето по топката за породување повеќе не помага. Тогаш започнува втората фаза (да, ги има повеќе), ова е чувство на силен притисок на долниот дел од телото, следен со жарење (без грижа, тоа е главата на детето кое излегува и ја удира вагината).“

Понатаму додава дека тоа, за среќа, не трае долго и остатокот од телото на детето излегува само. После тоа се исфрла плацентата и доколку имате среќа таа излегува сама, а понекогаш мора да ви дадат инјекции за да ја исфрлите.

3. Дали секоја жена исфрла и измет за време на породувањето?

Понекогаш се случува и тоа, бидејќи бебето не е единствената работа која бара излез за време на породувањето. Според докторката Мишел Харисон од факултетската болница „Кингс Колеџ“, потребата за голема нужда, а потоа извршување на истата во текот на породувањето е сосема нормална, а статистиките покажуваат дека тоа го доживуваат од 60 до 70% жени.

„На детето му е потребен секој милиметар на простор за да излезе, а мекото ткиво на аналниот отвор е флексибилно, па сосема е вообичаено да попушти во текот на притисокот“, објаснува докторката.

Најчесто тоа се мали количини, а бројни жени го прават тоа пред породувањето, бидејќи потребата е посилна.

„Знам дека звучи ужасно, но искрено, срамот и непријатноста во тој момент се последната работа за која размислував. Толку бев изгубена заради инјекциите и таблетите против болка и окупирана со болките и ‘туркањето’ што искрено не ми беше грижа дали пред мене танцуваат десет розови слона. Плус, сестрите веднаш ги бришат сите непотребни телесни секрети.“

4. Колкави се шансите за вагината да се „расцепи“?

Оваа млада мајка вели:

„Статистиката не оди во наша корист! Според британскиот магазин за гинекологија, 90% од жените ја доживуваат таа ситуација. Ова варира од лесни гребаници што самите зараснуваат до толкави рани што повредата го достигнува ректумот или анусот. Денес се нудат разни масажи и мачкање со разни масла за кожата да се подготви. Но искрено, мислам дека мачкањето ‘таму доле’ неколку недели пред породувањето со маслиново масло не нуди некое решение. Само може да се надевате дека рагби топката која минува низ дупка од 2 сантиметри нема да остави колатерални оштетувања. Да ве известам, сестрата на мојата пријателка роди дете од 4,535 грама без никакво цепење на кожата. Среќно!“

5. Колку брзо изгледот на стомакот се враќа во состојба како пред бременоста?

Ова варира од жена до жена, а зависи од неколку фактори, како на пример, колку сте вежбале пред бременоста, дали сте доживеале некои повреди во текот на породувањето, колку сте посветени на здравата исхрана и редовното вежбање откако сте се породиле и слично.

„Потребно е трпение, тешка работа и понекогаш доживотна промена за да ја одржувате состојбата на телото како онаа пред породувањето. Можеби нема веднаш да ја добиете фигурата што ја сакате, но ќе се чувствувате посилно и подобро од кога било порано“, објаснува тренерот за трудници Кели Мур.

3-odgovori-na-7-neprijatni-prashanja-vo-vrska-so-poroduvanjeto-za-koi-site-zheni-se-sramat-da-gi-postavat-www.kafepauza.mk_

6. Дали доењето ги оштетува моите гради?

„Влијанието на доењето врз градите е нешто за коешто воопшто не бев подготвена. Прво, никој не ви кажува колку е тоа тешко. Не заборавајте на заштитата за брадавици, бидејќи тоа го спасува нивниот живот. После неколку недели можеби нема да ви бидат потребни, бидејќи градите ќе се прилагодат.“

Проблем се создава и кај зборот „опаѓање“. Но, гинекологот Ванеса Кристи истакнува дека најчесто бременоста е виновна за сето тоа, бидејќи градите тогаш започнуваат да се менуваат, со цел да почнуваат да произведуваат млеко за кое е потребен простор, а лигаментите се потпираат со ширење на градите. Затоа, купувајте цврсти градници и вежбајте го тој дел после бременоста.

7. Дали ќе зажалам подоцна?

Ова најверојатно е прашање за кое најмногу се плашите да го поставите.

„Првите месеци и самата знаев да се запрашам дали сè ова вреди кога бев уморна под тушот не забележувајќи дека ја имам целата облека на себе, кога се прашував дали навистина го сакам ова мало суштество кое само ждрига и ги уништува моите гради, кога умирав од тоа дека секој ден ми е ист – хранење, пресоблекување и заспивање.“

Светската здравствена организација истакнува дека е сосема нормално мајката да се чувствува така во текот на првите недели. Проблемот се создава кога тоа трае подолго од месец дена и се развива во постпородилна депресија, проблем со кој се бори околу 1 на 10 жени во годината. Денес постојат разни начини за помош и терапија.

„Дали мислам дека вредеше? ДА! И секогаш ќе има моменти кои ќе го потврдат тоа чувство. Кога ќе го набљудувате неговиот напредок или кога ќе ве погледне како да сте целиот негов свет, што и сте, верувајте ми дека ќе сфатите. Кога секоја насмевка и смеење е знак дека одлично ја вршите својата работа. Кога си играте во паркот со помала верзија од себе, а за прекрасниот детски мирис воопшто и да не зборувам. Вреди!“

Доколку ова е вашата прва бременост, тогаш е добро да се информирате за кои работи новите мајки не треба да се грижат.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар