Одбирам да блескам!

9 June, 2012 3 коментари од

Пред вас е уште еден прекрасен ден, на повидок ви е успешен период, но не затоа што така пишува во вашиот хороскоп, туку бидејќи вие сте одлучиле дека го сакате тоа. За сè што посакувате вреди да се борите, а истото може да го имате. Одбирам да блескам!Вдишете длабоко и на глас кажете ги вашите брилијантни квалитети, зашто не е срамота да се цените, туку е крајно глупаво да се потценувате!

Прв чекор – самодоверба

Јас сум девојка која ужива во својата несовршеност и е посакувана поради нејзината несовршеност, јас сум девојка која го сака својот одраз во огледало и која не мисли дека е грев да се сакаш самиот себе.

Втор чекор – борбеност

Мене не ме гушат животните проблеми, јас сум борец и ги победувам, мене ме гушат глупавите непишани правила во општеството и затоа грубо газам по нив и ги прекршувам. Не, никој нема да ми застане на патот кога имам цел и причина!

Трет чекор – потхранување на егото

Јас одлучувам каде одам, што ќе правам и како ќе правам, зашто самата сум своја господарка, самата владеам со својата душа и со своето срце. Јас сум девојка која преболува скршено срце со чаша добро вино, а не со лигави филмови, јас сум девојка која животот може да ти го претвори во рајска градина, но и во вистински пекол.

Четврт чекор – самостојност

Јас сум жена, која не мора да шета на работа по кусо здолниште за да биде ценета и забележана, јас не сум материјал за потхранување на нечие его и нечија машкост. Јас сум девојка која одлично функционира кога е сама без да биде зависна од маж, бидејќи и самата чекорам доста стабилно, па не ми треба некој за да ми одржува баланс во животот.

Петти чекор – стоп за лажните идоли

Јас не се восхитувам на глупави и плитки личности, јас се борам да оставам значаен белег за другите да ми се восхитуваат мене, но не поради моето богатство и работите кои ги поседувам, туку поради способноста да бидам единствена, успешна и неповторлива. Во меѓувреме мојата инспирација ќе бидат длабоките луѓе, паметните, борбените, иновативните, различните…

Шести чекор – мојот животен избор

Одбирам да бидам среќна, жедна за знаење, инспиративна и оригинална. Прекрасна сум и го знам тоа, а мојот животен избор е да оставам трага со своето постоење!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Liked this article? Read another similar article.

Поврзани содржини:

Живот, Совети

Tags: , , , , , , ,

За авторот

Вљубеник во розовата боја и убавите мисли. Најмногу ги вреднува искрените пријателства, а слободното време милува да го помине со добра книга и вкусно кафе. Омилен дел од денот-раните утра полни со неизвесност и надеж за претстојниот ден. Обожува да биде опкружена со креативни луѓе кои гледаат „надвор од кутијата“, бидејќи и самата се смета за таква. Перфекционист опседнат со организираност.

3 коментари за “Одбирам да блескам!”

  1. Ана says:

    кога си вистински среќен, не ни помислуваш на тоа да претвораш нечиј живот во пекол. другото е супер :)

  2. Nina says:

    Значи се повеке и повеке ми се свиѓа како пишува девојкава !!! Браво =))

  3. Katerinche says:

    The best!!Bravo my friend!!! <3

Остави коментар

Read more:
Школски автобус претворен во движечки дом
Школски автобус претворен во движечки дом

Славните фраерски цитати на Тошо Малерот
Славните фраерски цитати на Тошо Малерот

Џус од лубеница
Џус од лубеница

Close