Одберете го вистинскиот градник

Одбирањето градник кој му прилега на вашето тело, не само што ќе направи да се чувствувате удобно, туку и поздраво. Градник кој е премногу мал или премногу голем предизвикува болка во грбот, ја иритира кожата, и генерално, прави да се чувствувате непријатно и неудобно. Затоа, следејќи ги овие кратки совети ќе научите како да купите градник кој ви прилега вас, без оглед на вашите димензии.Одберете го вистинскиот градник

Измерете ги вашите димензии

Вашите димензии можат да се променат од година во година, па затоа секој пат кога ќе одите да купувате градник, измерете ги повторно. Промена на телесната тежина, нивото на хормони (бременост, менопауза, доење) се причини за варирање на димензиите на вашите гради. Измерете се под градите и околу градите. Првиот број ја означува големината на градите, а второто мерење го означува обемот (B, C, D).

Носете маичка кога купувате

Вака, ќе можете да видите како изгледате под тенка маичка.

Сами воочите ги недостатоците на градникот

Кога ќе го пробувате градникот во гардеробата:

  • ако градите ви излегуваат од корпите – премногу мал
  • ако има многу празен простор во корпата – премногу голем

Проверете дали прерамките на градникот може да се прилагодат (има градници на кои прерамките се фиксни). Тие не треба да ви паѓаат на рамениците или да се премногу стегнати. Видете дали можете сами да ја прилагодите големината со запчаниците на градникот (ако не можете, градникот ви е мал). Една од важните работи на кои треба да внимавате е „мостот“ на градникот. Тој треба да биде припиен кон вашето тело.

Инвестирајте во квалитетен градник

Одберете го вистинскиот градникИ градникот има рок на траење. Тој треба да се користи од шест месеци до една година. Многу е важно да се инвестира во квалитетен градник. Затоа, купете два до три квалитетни градници во различни дезени.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Maja Reply

    Измерете се под градите и околу градите. Првиот број ја означува големината на градите, а второто мерење го означува обемот (B, C, D).

    Kako jas bo znaela dali sum B,C ili D ako se meram so metro?

Остави коментар