Водич: одберете ги совршените фармерки

Фармерките се единственото модно парче кое никогаш не излегува од мода. Мажите и жените ги сакаат еднакво. Во својот пар совршени фармерки, најважно е да се чувствувате удобно и да изгледате убаво. Единствен проблем е да го одберете оној пар фармерки кој совршено ви прилега. Овој водич ќе ви помогне следниот пат кога ќе одите во шопинг, да го одберете совршениот пар фармерки. Прочитајте какви фармерки ви прилегаат според тоа каков е обликот на вашето тело.
.

  • Ако имате големи гради…

избегнувајте тесни фармерки кои ќе направат горниот дел  (кај градите) да биде многу поголем од долниот дел на телото. Одберете пантолони со широки ногавици.

Водич: Изберете ги совршените фармерки

а) Ако сте ниски…

одберете фармерки со широки ногавици или фармерки со права линија во делот на ногавиците. Одбегнувајте фармерки кои се стеснуваат во делот кај глуждот, бидејќи ќе ве направат непропорционални. Одберете фармерки кои не се многу темни во однос со она што го носите горе, бидејќи ако направите ваков избор, ќе изгледате стеснети долу и тоа ќе привлече многу внимание.

Водич: Изберете ги совршените фармерки

б) Ако сте со средна висина или високи…

одберете фармерки на кои се истакнува делот од коленото па се до долу, бидејќи имате високи нозе. Тие привлекуваат внимание долу, кон линијата на нозете бидејќи создаваат совршен баланс со вашата висина.

Водич: Изберете ги совршените фармерки
.

  • Ако имате голем задник…

генерално, треба да одберете фармерки кои совршено ви прилегаат во задниот дел и на колковите. Одберете фармерки со растеглив материјал, кои на телото ќе му дадат стегнат облик.

Водич: Изберете ги совршените фармерки

а) Ако сте ниски…

одберете фармерки со рамна линија во делот на ногавиците и со потемна боја. Избегнувајте фармерки кои ја нагласуваат линијата од колениците до долу, односно се шират кон надолу.

Водич: Изберете ги совршените фармерки

б) Ако сте со средна висина или високи…

одберете фармерки со повисок струк и фармерки кои се шират од колената па надолу. Исто така, одберете фармерки со права линија. Избегнувајте фармерки со широки ногавици.
.

  • Ако сте широки во половината…

генерално, вам ви требаат фармерки со средна висина на струкот. Избегнувајте фармерки со низок струк, бидејќи тие дополнително ќе го истакнат вашиот стомак.

Водич: Изберете ги совршените фармерки

а) Ако сте ниски…

вам ви требаат фармерки кои се малку пошироки во пределот на вашата половина. Затоа, одберете фармерки кои се со темна боја и среден струк.

Водич: Изберете ги совршените фармерки

б) Ако сте со средна висина или високи…

одберете фармерки со подебел материјал околу половината (на пример, фармерки со две копчиња) кои ќе импровизираат “рамен стомак„.

Водич: Изберете ги совршените фармерки
.

  • Ако имате облини

Генерално, избегнувајте фармерки со висок струк. Тие ќе ги нагласат колоквите, а вие тоа не го сакате.

Водич: Изберете ги совршените фармерки

а) Ако сте ниски…

одберете фармерки кои наликуваат на пантолони. Внимавајте да не одберете фармерки со прешироки ногавици, кои веднаш ќе ви направат рамка во која ќе изгледате ниско и дебело. Ако пак сакате тесни фармерки, тогаш одберете ги оние со права линија кај ногавиците.

Водич: Изберете ги совршените фармерки

б) Ако сте со средна висина или високи…

Фармерки кои наликуваат на пантолони се одличен избор и ако сте високи или со средна височина. Исто така, можете да изберете и фармерки кои ја нагласуваат линијата од колениците па до долу.
.

  • Ако немате облини

Ако сте од оние кои не можат да се пофалат со облини, веројатно преферирате да носите облека која најдобро ви прилега. Клучот е да не носите широка облека.

Водич: Изберете ги совршените фармерки

а) Ако сте ниски…

избегнувајте фармерки кои се широки и со широки ногавици. Одберете фармерки кои се тесни, со минимално ширење кон колениците па до долу, со рамна линија и во форма на пантолони.

Водич: Изберете ги совршените фармерки

б) Ако сте со средна висина или високи…

Со оглед на вашата висина, можете да си играте со машки стилови на фармерки.

Водич: Изберете ги совршените фармерки
.

  • Ако имате екстра облини

а) Ако сте ниски…

Ако одберете фармерки со широки ногавици, тоа ќе направи идеален баланс на вашето тело. Одберете фармерки со рамна линија.

Водич: Изберете ги совршените фармерки

б) Ако сте со средна висина или високи…

одберете фармерки со ширење од колениците па до долу. Тоа ќе ги истакне вашите секси облини.

Водич: Изберете ги совршените фармерки

.
Останати пропорции:

  • Долга половина, кратки нозе:

Одберете фармерки со висок струк, кои ќе го намалат вашето торзо и ќе ја издолжат линијата на нозете.

  • Кратка полвина, долги нозе:

Одберете фармерки со низок струк.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар