Од стари до убави модерни чизмички за помалку од 50 денари

Наместо да трошите пари на нов пар чизми за следнава сезона, можеби е подобро да си ги разубавите старите. Со мала инвестиција можете вашите стари чевли да ги оживеете во полн сјај.

Од стари до модерни убави чизмички за помалку од 50 денари

Потребни материјали:
  • пар пониски чизми
  • подолга лента материјал со дезен по ваш избор
  • подолга лента еластична тантела
  • безбојно силно лепило
За дополнително украсување (незадолжително)
  • 2 мали колани
  • кожни врвки
  • пердуви
  • синџирче, метални крукчиња и интересен приврзок

Од двата материјали исечете ленти кои можат да ги опколат чизмите. Лентите од материјалот со дезен треба да ви бидат потесни од оние од тантела.

Поставете ја чипката околу чизмата, зацврстете ја со помош на игли и исечете ги непотребните делови и на крај зашијте ја. Истото повторете го одозгора со материјалот со дезен.

Од стари до модерни убави чизмички за помалку од 50 денари

За дополнителна цврстина можете да додадете и малку лепило од внатрешната страна на материјалите. Внимателно нанесете многу мала количина, за да не се познава преку материјалите.

Од стари до модерни убави чизмички за помалку од 50 денари

Напомена: Чизмата претходно наполнете ја со стари крпи или весници, за да не претерате при поставувањето на лентите и потоа да ве стегаат.

Од стари до модерни убави чизмички за помалку од 50 денари

Веќе имате добиено интересен нов дизајн на вашите стари чизми. Понатамошното украсување е по избор и не е задолжително. Ова се два примери како можете дополнително да ги украсите вашите чизмички.

1. Замотајте ги чизмичките со малите кожни колани и додадете малку лепило од внатрешната страна за тие да се фиксираат. Оставете ги ден-два убаво да се исушат.

Од стари до модерни убави чизмички за помалку од 50 денари

2. Со помош на синџирчето, приврзокот и пердувите украсете ги чизмите дополнително.

Од стари до модерни убави чизмички за помалку од 50 денари


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар