Од што треба да се откажете за да бидете со вистинската жена за вас?

Колкупати сте сретнале жена која рекла дека не ѝ треба врска или маж во нејзиниот живот? Дека нејзината кариера ѝ е поважна од бракот? Овие тврдења може да ве натераат да се замислите што всушност сакаат жените што еден маж (или вие) не може да им го даде. Изгледа дека одговорот е: Ништо. Но понекогаш едноставно треба да се откажете од некои работи за да ја „фатите“ жената од соништата. Погледнете за што станува збор.

raboti-od-koi-treba-da-se-otkazhete-ako-sakate-da-bidete-so-vistinskata-zhena-kafepauza.mk

Претпоставки

Ако мислите дека на секоја жена омилена боја ѝ е розова, за вас нема надеж. Ако вашите интелигенција, хумор и богатство не успеале да ја заведат жената од вашите соништа, можеби е време да размислите што всушност кажувате со вашите мали шеги. Дали често кажувате работи како „Девојките најчесто…“, „Вие жените би знаеле…“, или пак, класичното „Дали е тој ден од месецот“? Таа можеби ќе ви се насмевне од култура, но треба да знаете дека ниту една жена не сака да ги слуша овие фрази.

Кога претпоставувате нешто, свесно или несвесно, вие изгледате како личност со затворен поглед. Вие исто така ги програмирате вашите мисли така што ако дојде до несогласување, вие веднаш почнувате да се браните, дури и ако жената убаво ви објаснила сè. Најдобриот начин да ги избегнете овие претпоставки е да поставувате прашања. Прашајте ја која ѝ е омилената боја. Прашајте ја што мисли за она што го кажувате. Прашајте ја зошто се чувствува лошо.

Шовинизам

Го поминавте првиот чекор така што поставувавте прашања за кои мислевте дека ги знаете одговорите. Но, одговорите не се тоа што го очекувавте. Вие сфативте дека таа е паметна, интересна и многу слична на вас. Можеби веќе во вашата глава вие сте засекогаш заедно. Но, постои шанса таа да не е заинтересирана да го пронајде „вистинскиот“. Можеби причината за тоа сте токму вие. Можете да ја убедите оваа жена дека сте ѝ потребни само ако ѝ докажете дека ќе ја има својата слобода, дури и ако стане ваша сопруга. Време е да сфатите дека и вашата девојка ја сака нејзината работа колку и вие вашата. И таа има соништа како вас.

Не можете од неа да очекувате да ги преземе сите обврски во домот. Времињата се променија, па затоа и треба да ја третирате како еднаква со вас. Почитувајте ја како што сакате и таа да ве почитува. Ако сака да ја поделите сметката во ресторанот, дозволете ѝ. Ако почне да зборува за политика, слушајте ја. И најважно од сè, престанете да верувате во стереотипите дека некои работи се за мажи, а некои за жени.

Несигурност

Жените сакаат самодоверба која не можете да ја поседувате сè додека не ги искорените вашите несигурности. Но како да ги забележите овие несигурности? Дали често размислувате за тоа дека поранешната девојка ве терала да правите работи кои ја расипале вашата врска? Дали сметате дека сте ѝ дале многу шанси, но таа сите ги уништила? Дали сте љубоморни на машките пријатели на вашата сегашна девојка? Дали мислите дека постојано треба да ѝ купувате скапи подароци?

Ако одговоривте потврдно, вие имате проблем со несигурноста. Многу е нормално да бидете несигурни за некои работи, но не треба да дозволите тоа да владее со вашата врска. Најдобро е да ги споделите со вашата девојка која сигурно ќе сака да ви помогне.

Лаги и изговори

Сè што е изградено на лаги, не трае долго. Лажењето е нешто најлошо што може да се случи во врската, а овде спаѓа и преправањето. Без разлика што мислите, преправањето и изговорите се еден вид лага.

Можеби таа има подобар вкус за бои, облека, фризури, јазици и многу други работи. Но, нели е тоа причината што ви се допадна? Зошто тогаш да не ѝ дозволите да ги споделува нејзините идеи со вас? Можеби не сте биле нежен тип, но ослободете се од комплексите и прашајте ја како се чувствува кога знаете дека е „тој ден од месецот“. Можеби изгледа како да се откажувате од многу работи, но не заборавајте дека и таа го прави истото. Од друга страна, ако сфатите дека таа не е девојката што ја баравте, не треба по секоја цена да останете со неа. Почитувајте се и заминете.

И на крај, вие најдобро го знаете вашиот живот и ситуацијата во којашто сте.

Прочитајте ги и овие работи кои треба да ги знаете ако сакате да ја задржите саканата.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар