Обожавате да јадете пред спиење? Оваа навика не е толку лоша колку што мислите

Дали една од омилените работи пред спиење ви е маратонското гледање серии и јадење во кревет? Но, сигурно сте чуле дека ако сакате да си го подобрите квалитетот на сонот или да го симнете вишокот килограми, тогаш полноќните ужини не ви се најдобри пријатели. Најновите истражувања покажале дека тоа сепак не е баш така. Во продолжение дознајте што открила науката…

Обожавате да јадете пред спиење? Оваа навика не е толку лоша колку што мислите

Јадењето пред спиење е лошо доколку имате киселини во желудникот

Доколку имате проблеми со киселини во желудникот, тогаш сигурно ви препорачале да не јадете навечер за да ги ублажите симптомите. Но, дали тоа навистина прави некаква разлика? Науката одговара потврдно. Според едно истражување, доколку не поминале најмалку три часа од вашата вечера до легнувањето во кревет, тогаш сте изложени на зголемен ризик од киселини во желудникот.

Јадењето пред спиење е добро доколку имате несоница

Доколку изедете огромен оброк пред спиење, најверојатно нема да можете да заспиете цела вечер. Но, од друга страна, пак, ако си легнете со празен стомак, исто така нема да можете да заспиете веднаш. Па, што да направите? Експертите велат дека треба да јадете нешто здраво и лесно. Одберете сложени јаглехидрати наместо протеини и немојте да јадете храна богата со кофеин. Наместо тоа, одберете храна што содржи триптофан и мелатонин како што се црешите и млечните производи, бидејќи тие ќе можат да ви го потткинат сонот. Кој би одбил млеко и колачиња пред спиење?!

Јадењето пред спиење е лошо за луѓето кои страдаат од астма

За луѓето кои страдаат од астма, доцната ужина не е добра идеја. Тоа е така затоа што јадењето пред спиење може да доведе до кашлање. Според едно истражување, испитаниците кои јаделе пред спиење имале зголемени симптоми на гастроезофагеален рефлукс навечер и во текот на денот. Податок што треба да се знае!

Јадењето пред спиење на некој начин е добро доколку сакате да го изгубите вишокот килограми

Без разлика дали сте на диета или не, сигурно сте чуле дека не треба да јадете пред спиење доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми. Иако некои истражувања навистина нашле поврзаност помеѓу доцните ужини и прекумерната тежина, експертите тврдат дека тоа е така поради видот на храната што се консумира, а не самиот чин на јадење. Признајте дека и вие попрво посегнувате по високо калорична ужина отколку по салата во 10 часот навечер!

Држете се до здравата исхрана во текот на денот, здравите ужини навечер, вежбајте редовно и вишокот килограми нема да ви претставуваат никаков проблем.

Во продолжение дознајте кои намирници секогаш можете да ги јадете пред спиење.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар