Облекувајте се тренди оваа есен

Облекувајте се тренди оваа есен

За една седмица есента ќе ни чукне на врата. Постепено температурите ќе почнат да опаѓаат, а тоа значи дека ви е потребна есенска обнова на вашиот гардеробер, доколку сакате да бидете во чекор со модните новости кои ги носи ова годишно време. За да бидете тренди и шик, не морате да купувате облека од скапи, луксузни бутици. Сè што треба да знаете е кои бои се модерни оваа есен, какви дизајни се носат и најважно од сè, како сето тоа добро да го искомбинирате за да изгледате современо. Тука ќе ги пронајдете сите тие одговори и притоа ветуваме дека нема да ви создадеме вртоглавица. 🙂Облекувајте се тренди оваа есен

Парчиња облека кои ви се неопходни оваа есен:
.

1. Џемперче во кое ќе се чувствувате удобно

Бидејќи полека но сигурно се доближува есента и набрзо ќе почне да заладува, треба да почнете да размислувате за надополнување на вашиот гардеробер со потопла облека. Кога станува збор за подебела облека, нема подобар избор од комфорно тренди џемперче, за оваа есен. За кул и кежуал изглед искомбинирајте го со пар фармерки, а за да изгледате стилски, можете да го искомбинирате со убава суќњичка. Пронајдете ги моделите кои вам најдобро ви прилегаат.Облекувајте се тренди оваа есен

2. Фармерки со благ „ѕвон“

Овој тип фармерки се многу популарни оваа сезона. Тие имаат некој шмек од 70-тите и плус се многу удобни за носење и можат да се искомбинираат со разни модели есенски блузички и мантилчиња.Облекувајте се тренди оваа есен

3. Ѓерданче со есенска нота

Дури и да сте најобично облечени, ако го накитите вратот со смело ѓерданче со есенски шмек, ќе изгледате волшебно. Ваквите модели ѓерданчиња ги има во разнообразни дизајни и ќе бидат ултрапопуларни оваа сезона. Набавете си неколку.Облекувајте се тренди оваа есен

4. Чорапчиња над колена

Ваквите чорапи ќе ви овозможат да ги носите вашите летни фустанчиња, здолништа и комбилизонки во есенска варијанта. Нозете ќе ви бидат покриени и заштитени од студ, а големиот избор на дезени, ќе ви овозможи да изгледате женствено и со тинејџерски дух. Ваквите чорапи убаво изгледаат и со балетанки, со ниски чевличиња и со потпетици, но особено добро изгледаат со чизмички.Облекувајте се тренди оваа есен

5. Точкеста облека

Точките очигледно се постојано во мода, а не се исклучени ниту оваа есен. Овој убав принт е истовремено по малку ексцентричен и многу женствен. Ако не сте подготвени да се облечете во точкеста облека, тогаш ставате на себе некој додаток во точки (шал, чанта, хулахопки) и дефинитивно ќе оставите впечаток на весело и позитивно девојче.Облекувајте се тренди оваа есен

6. Здолниште до под колена

Здолништата долги до стапала беа модерни во летната сезона, а девојките ги обожаваат бидејќи оддаваат чувство на женственост и невиност. Оваа есен во тренд ќе бидат здолништа до колена. Доколку сакате да изгледате грациозно, а сепак не премногу дотерано, искомбинирајте го со некоја убава блузичка. Ако сакате да создадете ефект на контраст, здолништето искомбинирајте го со широка блуза која паѓа на рамена и ниски чизмички со исполнета штикла.Облекувајте се тренди оваа есен

Комбинации за на работа/факултет

.
Секогаш кога излегувате од дома треба да изгледате пристојно и средено. Колегите/колешките на работа или факултет и тоа како забележуваат што носите и колку се грижите за вашиот изглед, па доколку сакате да се чувствувате пријатно во вашата кожа, практикувајте некој совет од модерните комбинации кои ќе ги видите во продолжение.

Ако ви се допаѓаат земјените бои, тогаш имате среќа: тие се во мода оваа есен. Сиво-кафената боја ќе биде ултрапопуларна, па затоа обезбедете си некое парче облека во оваа боја.Облекувајте се тренди оваа есенИнтензивната виолетова боја изобилува со луксуз. Одберете си тесно плетено фустанче, здолниште, чевлички или чанта во виолетова боја за да внесете гламур дури и во најобичните комбинации.Облекувајте се тренди оваа есенСивите тонови се популарни секоја есен, но оваа, помодерни ќе бидат светлите, сребреникави тонови. Оваа софистицирана боја оди со секоја друга, што ја прави совршена за комбинирање во разни варијанти. Без разлика дали ќе се одлучите за сребреникаво сако или меко џемперче, секако ќе делувате искусни и стилски оваа есен ако сте облечени во во оваа боја.Облекувајте се тренди оваа есенЕден пар пантолони во „жива“ боја ќе ви даде одличен акцент и плус конечно ќе ги соблечете досадните сини или црни фармерки. Интензивно розови пантолони искомбинирани со класична бела блуза и накит во неутрални тонови, е совршена комбинација за на факултет или работа. Ѓерданчето носете го врз блузата за да изгледате кул и современо.Облекувајте се тренди оваа есен

Веќе ја спомнавме моќта на точкестата облека. Овој пат ќе ви покажеме како да искомбинирате тренди фустанче со точки, со ниски „ретро“ чевлички и нежно синџирче за на врат, за да бидете вистинска „фешниста“.Облекувајте се тренди оваа есен

Комбинации за неформално излегување

Карираните принтови оддаваат еден хипи стил, кога се комбинираат со есенските бои и дизајни на облека. Облечете темен џемпер и тесни фармерки „цевки“ и како додаток облечете карирано шалче – тоа е  многу кул детаљ. Овој изглед одлично оди во комбинација со „поштенска чанта“ и високи чизми завртени нанадвор, при што повторно се наѕирнува карираниот принт.

Облекувајте се тренди оваа есенМаслинестата боја е совршена за потенцирање на вашата појава во есен. Оваа мистериозна боја, можете да ја искомбинирате со неутрални бои за да ја разбиете монотонијата.Облекувајте се тренди оваа есенТемно жолтата боја ќе биде огромен хит во текот на овие есен и зима. Оваа весела боја потсетува на паднатите есенски лисја, што ја прави совршена модна боја за овој период од годината. Таа одлично изгледа во комбинација со останатите модерни бои за оваа есен (виолетова, сребрена, маслинеста, сиво-кафена). Искомбинирајте жолто со темно виолетово или маслинесто за да изгледате есенски и тренди, или искомбинирајте ја со сребрена или сиво-кафена за да добиете шик, модерен и естетски изглед.Облекувајте се тренди оваа есен
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар