Облечете се топло и атрактивно: Неколку модни комбинации со кои ќе ја победите зимата!

Тенки кошули, здолништа, разлетани фустани, генерално цела летна гардероба за многумина од нас е најудобната и најпријатната облека за модно комбинирање. Сепак, истиот ефект може да го постигнеме и со зимската гардероба која ќе ни овозможи да изгледаме убаво и модерно. Ако не верувате, тогаш погледнете ги овие идеи за модерни, топли и атрактивни зимни модни комбинации.

1-oblechete-se-toplo-i-atraktivno-nekolku-modni-kombinacii-so-koi-kje-zableskate-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

1. Се сеќавате на оној црн џемпер кој сте го облекле еднаш и повеќе никогаш, бидејќи е премногу „обичен“? Обичното не е лошо, доколку го комбинирате со дебели хулахопки или хеланки, а целокупната комбинација ја освежите со впечатливи чизми. Тој џемпер кој и баш не го сакате, ќе ве стопли, а со ефективната облека со која го надополнивте ќе изгледате тренди и модерно.

2-oblechete-se-toplo-i-atraktivno-nekolku-modni-kombinacii-so-koi-kje-zableskate-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

2. „Затоплете“ ја едноставната комбинација со фармерки и бела блуза со помош на XXL шарен капут. Заедно со чизмите со високи потпетици и интересен шешир, ќе изгледате лежерно и модерно. Што ви може сега зимата?

3-oblechete-se-toplo-i-atraktivno-nekolku-modni-kombinacii-so-koi-kje-zableskate-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

3. Најдобриот „лек“ против ладното време е, секако, бундата! Се чини дека не постои ништо поубаво, поудобно и потопло од ова дневно парче, а притоа е и многу модерно. Постојат многу различни модели на бунди, од ултра кратки до премногу долги, од еднобојни до шарени. Изберете ја онаа која најмногу ви се допаѓа, комбинирајте ја со кожни панталони и високи потпетици, па потоа сте спремни за својата модна писта (иако станува збор за обична прошетка низ градот).

4-oblechete-se-toplo-i-atraktivno-nekolku-modni-kombinacii-so-koi-kje-zableskate-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

4. Кога станува збор за зимските модни комбинации, не плашете се да експериментирате со дезените. Со црните панталони слободно комбинирајте карирана, зимска кошула со шал во ист дизајн, а целата комбинација „зачинете“ ја со кратка бунда со леопардски принт. На целиот изглед додадете црвен кармин и впечатлива, голема чанта и добивте модерен и топол изглед.

5-oblechete-se-toplo-i-atraktivno-nekolku-modni-kombinacii-so-koi-kje-zableskate-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

5. Ако не сакате да се откажете од летните кошули и мини здолништата, тоа е во ред. Дури иако е зима. Сепак, за да ви биде барем малку потопло, облечете долги чизми над колена во некоја интересна и впечатлива боја и „завиткајте“ се во долг капут со модерна светло сива боја.

6-oblechete-se-toplo-i-atraktivno-nekolku-modni-kombinacii-so-koi-kje-zableskate-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

6. За среќа на сите љубителки на модата, добрите зимски капути можат да се пронајдат во различни бои и модели. Дури и наједноставните комбинации, како што се фармерките и еднобојната ролка, може да изгледаат стилски со некој детаљ во друга боја. На пример, капут, чанта и чизми во различни нијанси на кафеава боја, одлично ќе ја надополнат комбинацијата со фармерки и црна блуза.

7-oblechete-se-toplo-i-atraktivno-nekolku-modni-kombinacii-so-koi-kje-zableskate-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

7. Слоевитото облекување е многу корисно кога е зимата во прашање, но исто така остава голем простор за експериментирање, т.е. ја ослободувате фантазијата! Ние ви предложуваме долги црни чизми и кратко кафеаво здолниште во комбинација со нежни бои на кошула и џемпер. На целата комбинација додадете топла јакна со крзно и ќе бидете и модерни и стоплени.

8. Ако ви се допаѓа парискиот стил, тогаш во вашите секојдневни зимски модни комбинации задолжително вклучете симпатични баретки. Тие секоја модна комбинација ќе ја направат помодерна и поефективна, а вие ќе бидете затоплени, особено ако имате кратка коса.

9-oblechete-se-toplo-i-atraktivno-nekolku-modni-kombinacii-so-koi-kje-zableskate-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

9. Ако сакате ефективна и модерна зимска дневна комбинација, задолжително испробајте ја „рок“ варијантата. Рецептот е лесен: сите парчиња нека бидат во црна боја, кожни, со малку крзно, и накит со сребрени детали и нитни. Можете да се нашминкате потемно и појако од обично, па слободно експериментирајте. Ефектот ќе биде одличен!

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. kristina Reply

    Bundata vi e mnogu dobar predlog! Mrtvo zivotno na sebe! Prosto brilijatna ideja!

Остави коментар