Нутела ролнички со цимет

Вкусен десерт во кој сите ќе уживаат

Нутела ролнички со цимет

Потребни состојки за тестото:
  • 250 мл млеко
  • 60 г путер
  • 500 г брашно
  • 50 г шеќер
  • ½ лажиче сол
  • 2 лажички квасец во прав
  • 1 јајце
Потребни состојки за филот:
  • 100 г Нутела
  • 2 лажици цимет
Потребни состојки за белиот прелив:
  • 110 г путер
  • 115 г крем-сирење, омекнато
  • 150 г шеќер во прав
  • 1-2 лажици млеко (по потреба)
Потребни состојки за чоколадниот прелив:
  • 50 г Нутела

Нутела ролнички со цимет

Начин на подготовка:

За тестото најпрво помешајте ги путерот и млекото во еден сад и ставете ги во микробранова. Топете ги на куси интервали, притоа мешајќи ги пред да ги пуштите пак. Правете го ова додека путерот целосно не се растопи и соедини со млекото. Доколку премногу се загреат, оставете ги малку да се оладат, бидејќи е важно смесата да биде топла, но не и премногу жешка.

Сите состојки потребни за тестото ставете ги во еден сад и почнете да ги месите рачно или со миксер за тесто. Откако ќе направите тесто, покријте го садот со крпа и оставете го 10-тина минути да нарасне.

Нутела ролнички со цимет

Кога тестото ќе биде спремно, на работната маса фрлете брашно и со сукало направете квадрат од тестото. Потоа намачкајте ја Нутелата и распоредете го циметот еднакво по целата површина.

Нутела ролнички со цимет

Од тестото направете ролна и со помош на нож или конец за заби исечете ја ролната на парчиња. Ролничките распоредете ги на плех за печење, покријте ги со крпа и оставете ги во топла соба, да отстојат барем 25 минути.

Нутела ролнички со цимет

Во тоа време рерната пуштете ја на 180 степени Целзиусови. Кога ролничките ќе нараснат, печете ги 15-20 минути, додека не добијат златна боја. Потоа, извадете ги и оставете ги малку да се оладат.

Нутела ролнички со цимет

Во меѓувреме или додека се печат ролничките, можете да ги спремите преливите. За белиот прелив, ставете ги путерот и крем-сирењето во сад и со помош на миксер соединете ги. Потоа додадете го шеќерот во прав и повторно матете со миксерот. Доколку преливот е премногу густ, додадете го млекото.

Нутелата стопете ја во микробранова печка, ставете ја во шприц и чоколадниот прелив е готов.

Кога ролничките ќе се оладат, декорирајте со двата преливи одозгора и послужете.

Нутела ролнички со цимет Нутела ролнички со цимет


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар