„Нутела лава“ – неодоливо чоколадно задоволство

„Нутела лава“ – неодоливо чоколадно задоволство

Заборавете на диетата бидејќи ви предлагаме слатко задоволство на кое никој жив не може да му одолее! Ова е одличен десерт кој можете да го сервирате по семејниот ручек, супер идеја за да го изненадите вашиот партнер, или пак слатко изненадување за вашите најмали како награда бидејќи биле послушни. Па кој не сака Нутела?

„Нутела лава“ – неодоливо чоколадно задоволство

Овој неверојатно вкусен десерт ќе биде готов за неколку минути а уште од првиот залак ќе ви стане омилен. Еве како да го приготвите.

„Нутела лава“ – неодоливо чоколадно задоволство

Потребни состојки:
  • 4 лажици саморастечко брашно
  • 3 лажици какао во прав
  • 4 лажици шеќер
  • 1 јајце со средна големина
  • 3 лажици Нутела
  • 3 лажици млеко
  • 3 лажици маслиново масло
  • 2-3 кафени лажици ситни парчиња чоколадо

„Нутела лава“ – неодоливо чоколадно задоволство

Начин на подготовка:

Сите состојки освен парчињата чоколада ставете ги во еден сад. Мешајте добро додека смесата не стане хомогена. Потоа смесата поделете ја во 3 мали шолји или 2 шолји со средна големина, или некаков мал керамички сад. Не ги преполнувајте шолјите, наполнете само 3/4 за подоцна смесата да не се излее надвор од нив. Во секоја од шолјите наросете по неколку парчиња чоколадо. Потоа ставете ги во микробранова печка.

Ќе бидат потребни од 30 секунди до 3 минути за да бидат готови, зависи од микробрановата печка. Внимавајте, не оставајте ги долго бидејќи ќе станат многу суви.

„Нутела лава“ – неодоливо чоколадно задоволство

Може да ги сервирате без никаква декорација бидејќи секако убаво ќе изгледа, или да декорирате со шлаг и сечкано овошје на врвот. Тоа е веќе ваш избор и показател на вашата креативност.

Добар апетит!

„Нутела лава“ – неодоливо чоколадно задоволство„Нутела лава“ – неодоливо чоколадно задоволство

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Ivana Reply

    kakvo e toa samorastrecko brasno???

Напиши одговор на Ivana Откажи одговор