Новогодишните одлуки се мртви. Да живеат новогодишните прашања!

Новогодишните одлуки се мртви. Да живеат новогодишните прашања!

Психолозите го потврдија она во коешто одамна се сомневавме: Амбициозните листи на работи кои ќе ги направиме/започнеме/довршиме или пак, од кои ќе се ослободиме во новата година се само губење време. Вие го имате благословот од психолошките експерти слободно да ги запалите новогодишните резолуции и одлуки. Сè што треба да направите за да ги остварите ваши цели оваа година е да одвоите 20 минути и да одговорите на следниве 20 прашања поврзани со минатата година кои ќе ви ги отворат очите во новата!

Новогодишните резолуции се мртви. Да живеат новогодишните прашања!

1. Што најмногу ме усреќи во 2015-тата?

2. Што ми го расипуваше расположението?

3. На што без потреба го трошев времето?

4. Со кого и на што се смеев до солзи?

5. Што или кој најмногу ме инспирираше?

6. На што се гордеам кога ќе се сетам на минатата година?

7. За што жалам?

8. Со кого најмногу се дружев?

9. Кого воопшто не го видов или ретко го гледав?

10. Што ме расплака?

11. Што не би го повторил/а пак?

12. Што би повторил/а?

13. Кого го разочарав?

14. Кој мене ме разочара?

15. Што постигнав?

16. Што не успеав?

17. Околу што најмногу се трудев?

18. Околу што најмалку се трудев?

19. За што лажев?

20. Да имам право на само еден повик, кому би се јавил/а и што би му кажал/а?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар