Новогодишни мока тортички со вкус на ментол и кафе

Совршен новогодишен десерт

Новогодишни мока тортички со вкус на ментол и кафе

Потребно време за подготовка:

30 минути за подготовка на тортичките, а вкупно 50 минути за целосно да ги завршите и декорирате.

Потребни состојки:
За тортичките:
  • 115 грама несолен путер
  • 55 грама полублаго чоколадо за готвење
  • 1 супена лажица инстант кафе (свежо подготвено)
  • 65 грама незасладено какао
  • 95 грама сенаменско брашно (доколку сакате тортичките да бидат помеки, можете да употребите и брашно за торти)
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 3/4 лажичка прашок за печиво
  • 1/4 лажичка сол
  • 2 големи јајца, на собна температура
  • 100 грама шеќер
  • 50 грама лесен кафен шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1/2 лажичка екстракт од ментол
  • 120 милилитри матеница (матеницата игра голема улога во овој рецепт, не прескокнувајте ја)
За шеќерната глазура:
  • 230 грама несолен путер, омекнат на собна температура
  • 360-480 грама шеќер во прав
  • 60 милилитри густа шлаг пена
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1/4 лажичка екстракт од ментол
  • Сол, по вкус
За декорација:
  • 110 грама полублаго чоколадо за готвење, стопено
  • Искршени бомбони во форма на бастунчиња
Начин на подготовка:
Тортички

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови и подгответе 12 калапи за тортички. Стопете ги заедно путерот и чоколадото на тивко на шпорет. Мешајте сè додека не се спојат, а потоа додадете го и инстант кафето. Тргнете ја мешавината настрана за малку да се олади.

Во среден сад сипете го какаото, брашното, сода бикарбоната, прашокот за печиво и солта. Мешајте сè додека темелно не се спојат. Тргнете ги настрана. Во голем сад, ставете ги јајцата, шеќерот, кафениот шеќер, екстрактот од ванила и екстрактот од ментол. Мешајте сè маталка додека мешавината не стане мазна. Додадете ја изладената смеса од чоколадо и путер и мешајте додека не добиете мазна смеса. Додадете половина од мешавината со брашното, а потоа половина и од матеницата. Повторете со останатата половина од двете мешавини и мешајте сè додека и тие не се спојат, но внимавајте да не претерате. Мешавината треба да биде со густина на пудинг.

Поделете ја мешавината во 12-те места на калапот за тортички/мафини. Печете ги околу 18 минути, а потоа дозволете им целосно да се оладат пред да ја нанесете шеќерната глазура.

Шеќерна глазура

Измешајте го со миксер на средна брзина омекнатиот путер. Мешајте околу 3 минути, сè додека не стане мазен и кремаст. Потоа додавајте ги и шеќерот во прав, кремот, екстрактот од ванила и екстрактот од ментол додека сè уште ви работи миксерот. Зголемете на поголема брзина и мешајте 3 минути (колку подолго мешате, толку покремаста ќе биде глазурата). Додадете повеќе шеќер во прав доколку шеќерната глазура е премногу тенка, премногу кремаста или премногу густа. Исто така доколку е премногу блага, можете да додадете малку сол.

Декорација

Нанесете ја шеќерната глазура на 12-те изладени колачиња, а потоа декорирајте со стопено чоколадо и кршени бастунчиња.

Новогодишни мока тортички со вкус на ментол и кафе Новогодишни мока тортички со вкус на ментол и кафе Новогодишни мока тортички со вкус на ментол и кафе Новогодишни мока тортички со вкус на ментол и кафе Новогодишни мока тортички со вкус на ментол и кафе


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар