Новиот омилен зимски пијалак е совршена комбинација од Нутела и вотка

Станува збор за коктел од кој нема да можете да се одвоите во текот на целата зима. Тој ќе биде присутен на сите забави и одвај ќе дочекате да ги повикате пријателите за да го подготвите. Најдоброто од сѐ е што веќе ги имате сите потребни состојки во вашите домови. Повикајте ги пријателите, засукајте ги ракавите и дочекајте ги со примамлив Нутела коктел.

1-noviot-omilen-zimski-pijalak-e-sovrshen-spoj-od-nutela-i-votka-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:
  • 250 грама Нутела
  • 200 милилитри млеко
  • 250 милилитри вотка
  • 50 грама кафеав шеќер
Начин на подготовка:

Измешајте ги во блендер млекото, Нутелата и кафеавиот шеќер. Матете додека шеќерот целосно не се растопи. Потоа додајте ја вотката и матете на најголема брзина во блендерот. Овој коктел послужете го со мраз. Ако во некој случај вие и вашето друштво не ја испиете целата подготвена количина (иако се сомневаме), овој Нутела коктел можете да го чувате во фрижидер до месец дена.

А, доколку ви остане чиста вотка, тогаш ви препорачуваме да ги приготвите овие коктели кои се одлични за празниците.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар