Новинарка од Њујорк тајмс дошла до заклучок кој сите нè интересира: Овој момент означува крај на секоја врска!

Кери Еган, новинарка во Њујорк тајмс, вели дека врската е завршена во оној момент кога партнерите ќе ја изгубат волјата да дознаваат нови работи еден за друг. Еган наведува дека тоа најдобро го илустрира примерот од нејзиниот живот, кога дури на медениот месец открила дека нејзиниот сопруг се опил со пријателите на момчешката вечер, се степал со друга група мажи и сите завршиле во полиција.

„Мојот брак бил заснован на лаги“, помислила таа.

Сепак, Еган набрзо сфатила дека никој од нас не може да знае сѐ за својот партнер кога ќе стапи во брак, а тогаш се наметнал и еден сосема логичен заклучок.

„Бракот трае сѐ додека личноста на која сте ѝ ветиле верност за вас е мистерија. Секогаш ќе постојат работи кои не ги знаете еден за друг. Доколку еден ден сфатите дека повеќе не сте љубопитни, а проблемите во врската стануваат поголеми, во тој момент најверојатно ќе одлучите да ја прекинете врската. Бидејќи, токму на тоа се заснова заљубеноста. Секој новооткриен слој од саканата личност сѐ повеќе во воодушевува и затоа продолжувате да барате повеќе. Љубовта не ја убиваат ниту бесот, ниту намелениот интензитет на емоции, туку отсуството на желба за осознавање нови работи за партнерот“, пишува новинарката.

Таа вели дека ни ден денес не го разбира својот сопруг и постојано дознава нешто ново за него.

Освен исчезнувањето на чувството на љубопитност, и исчезнувањето на следниве 5 чувства го означуваат крајот на љубовната врска.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар