Нови женски парфеми за оваа сезона

Погледнете кои примамливи мириси ја обележуваат оваа сезона есен/зима:
.

Love, Chloé

Нови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаОвој прашкаст и цветен парфем е како портокалов букет од ирис, јоргован, зумбул и вистерија, во кој се насетуваат земјени ноти на бадем и ванила, како и ноти на мускета и оризов прашок. Овој парфем може да се купи на Saks Fifth Avenue, а во февруари 2011 година ќе биде достапен во големопродажба.
.

Byredo Accord Oud

Нови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаГлавната нота која доминира во овој парфем е oud – древно дрво од Индија. Во парфемот се чувствуваат мириси на боровинка, шафран и рум, топли мириси на кожа, пачули и правлив муск.
.

Christina Aguilera и Christina Aguilera By Night

Нови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаПејачката Кристина Агилера претставува два нови мириси и тие мирисаат навистина жешко. Првиот, By day, нуди полни мириси на егзотично овошје, шербет, мандарина, црна рибизла, божур, јасмин, слива, килибар, крем од ванила и мошус. Вториот, By night, изобилува со опојна ванила, килибар, праска и мајски цвет. Овој парфем е веќе во продажба во продавниците Kohl’s.
.

Acqua di Parma Magnolia Nobile (лимитирана едиција)

Нови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаОдбележувајќи ја првата годишнина на Magnolia Nobile, Acqua di Parma го издаде своето лимитирано издание на шишенце парфем, инспирирано од Арт Деко-ерата. Парфемот го красат чисти мириси на магнолија. Може да се најде во продавниците: Barneys New York, Saks Fifth Avenue, Neiman Marcus и Holt Renfrew.
.

Kilian Love & Tears, Surrender

Нови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаОва е последниот парфем од колекцијата парфеми Kilian Hennessy’s Love кој не смее да се пропушти. Парфемот е пуштен во продажба од септември. Изобилува со мириси на јасмин, бергамот, портокалови цветови и иланг-иланг. Hennessy, креаторот на овој парфем истиот го опишува како квартетен комплекс бидејќи ја означува комплексноста на емоциите кои се чувствуваат во една љубовна врска. Тој за парфемот вели дека е шишенце полно со солзи и смеа.
.

Bond No. 9 Washington Square

Нови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаОвој парфем, именуван по паркот во Њујорк, може да се најде во продавниците од ноември, оваа година. Изгледот на шишенцето е инспириран од Триумфалната капија, а во него се наоѓаат мириси на париска пурпурна роза и тарагон.
.

Space NK Laughter Nuit

Нови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаВо овој парфем ќе почувствувате слоеви од грејпфрут, бергамот, шафран и цимет. Кога ќе се шприцнете еднаш од овој парфем, тој за миг ќе ве однесе на романтична вечера во Мароко.
.

Ineke Gilded Lily

Нови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаОвој парфем е создаден од Ineke Rühland. Парфемот опива со мирисите на јапонски крин, пачули, даб и килибар. Инспирација на Ineke за овој парфем дошла веднаш откако посадила азиски цвеќиња во нејзината градина.
.

Dior J’Adore L’Or

Нови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаОвој парфем е ориентална интерпртација на класичниот J’Adore. Неповторливиот спој на ванила и мајска роза е вистински пресврт на верниот оригинал на Диор.
.

Vera Wang Anniversary

Нови парфеми кои ќе ја означат сезоната есен/зимаВера Ванг го создаде овој парфем со цел да ја одбележи дваесет-годишната работа во модната индустрија. Во овој парфем совршено се извртуваат љубовта и среќата, со меки ноти на роза, гарденија и портокалови цвеќиња, и основни елементи на мускот,  перунинката и кедровото дрво.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар