Нови начини за да го стилизирате белиот фустан од денес, па сѐ до крајот на летото

Според кажувањата, во лето би требало да ја избегнувате црната боја, бидејќи „го привлекува сонцето“, па белата боја е многу подобар избор, а уште подобро ако е во некоја лелеава и пријатна варијанта како што е на пример фустанот. Тогаш, по оваа логика, белиот фустан е задолжителен доколку сакате да го преживеете топлото лето, па затоа ви предлагаме неколку модерни начини како да го стилизирате од денес, па сѐ до крајот на летото.

1-novi-nachini-za-da-go-stilizirate-beliot-fustan-od-denes-pa-sѐ-do-krajot-na-letoto-www.kafepauza.mk_

1. Кошула + патики

Ако вашиот бел фустан е со едноставна форма и не е претерано „накитен“, комбинирајте го со тексас или некоја друга омилена кошула и патики. Изгледа опуштено, а е доста модерно и тренди. Кошулата можете едноставно да ја врзете околу струкот како еден вид шик детаљ. Ако времето се промени, веднаш имате „заштита“ од непријатни ситуации.

2-novi-nachini-za-da-go-stilizirate-beliot-fustan-od-denes-pa-sѐ-do-krajot-na-letoto-www.kafepauza.mk_

2. Обувки во силна боја + чанта со принт

Без разлика како изгледа вашиот бел фустан, ќе изгледа уште подобро доколку додадете неколку смели детали. На пример, изберете сандали во силна црвена боја во која може да биде и вашиот кармин, а целата комбинација зачинете ја со чанта со ефектен принт. Идеална комбинација за дневни и ноќни прилики.

3-novi-nachini-za-da-go-stilizirate-beliot-fustan-od-denes-pa-sѐ-do-krajot-na-letoto-www.kafepauza.mk_

3. Сако + едноставни сандали

Бело + бело = чиста љубов, па затоа со белиот фустан слободно облечете и бели сандали. Минималистички! Ако сакате на вашата модна комбинација да ѝ додадете бизнис нота, тогаш наметнете го вашето омилено сако. На овој начин ќе го постигнете посакуваниот ефект. Наш совет е да изберете сако во некои нежни тонови.

4-novi-nachini-za-da-go-stilizirate-beliot-fustan-od-denes-pa-sѐ-do-krajot-na-letoto-www.kafepauza.mk_

4. Кожна јакна + модерни високи потпетици

За девојките кои сакаат нежен, но рок стил, советот е следен – врз вашиот омилен бел, бохо фустан ставете кожна јакна, а целата модна комбинација подигнете ја на повисоко ниво така што самите ќе се „подигнете“ на високи, модерни потпетици.

5-novi-nachini-za-da-go-stilizirate-beliot-fustan-od-denes-pa-sѐ-do-krajot-na-letoto-www.kafepauza.mk_

5. Тексас јакна + моторџиски чизми

Во сличен манир како во претходниот случај, наместо кожна јакна можете да ја искористите вашата омилена тексас јакна, а високите потпетици да ги замените со моторџиски чизми. Секако, оваа модна комбинација изберете ја кога надвор нема да биде пеколно топло. Дополнителен совет: нека вашата тексас јакна биде впечатливо декорирана.

6-novi-nachini-za-da-go-stilizirate-beliot-fustan-od-denes-pa-sѐ-do-krajot-na-letoto-www.kafepauza.mk_

Доколку обожавате бела боја и бели модни комбинации, тогаш нека „бело од глава до пети“ биде вашиот избор за оваа сезона.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар