Нови начини на кои можете да го искористите сувиот шампон

Нови начини на кои можете да го искористите сувиот шампон

Личноста која го измислила сувиот шампон би требало да добие Нобелова награда! Што би правеле ние без овој производ? Ќе задоцниме, нема да стигнеме да ја измиеме косата или пак, ќе влеземе во некои слични непријатни ситуации, а тој е тука да нè спаси и да ни овозможи инстант совршена фризура! Тоа е доволно за вашиот ден да стане автоматски подобар. Ако ништо друго, барем косата ви е совршена. Сепак, освен тоа што за момент ни овозможува чиста и лелеава коса, сувиот шампон може да користи и за некои други „проблеми“ со косата, како на пример…

1-eden-proizvod-nekolku-nameni-novi-nachini-na-koi-mozhete-da-go-iskoristite-suviot-shampon-www.kafepauza.mk_

1. Кога сакате да го постигнете оној ефект на неуредно брановидна коса, употребете го сувиот шампон како и обично, разбушавете ја косата да изгледа секси и неуредно, а потоа со преса за коса благо навиткајте неколку прамени за да го добиете тој посакуван ефект. Оваа тајна е извлечена директно од Холивуд!

2. А дали некогаш сте го употребиле сувиот шампон како средство за постигнување волумен? Секогаш го користите кога вашата коса е валкана, но можете да го користите и кога таа е свежо измиена и чиста за да добиете поголем волумен. Само напрскајте го шампонот под секој прамен и ќе забележите огромна разлика.

3. Сувиот шампон можете да го користите и како средство за обликување, особено доколку имате кратка коса. Геловите, восокот и лакот може да бидат премногу тешки и да ја замрсат косата, но затоа пак сувиот шампон е многу полесен и понежен. Напрскајте го на косата и обликувајте ја како што ќе посакате.

4. Кога вашата коса е премногу чиста и лета на сите страни, па не можете да ја направите посакуваната фризура, тогаш слободно скротете ја со сув шампон.

2-eden-proizvod-nekolku-nameni-novi-nachini-na-koi-mozhete-da-go-iskoristite-suviot-shampon-www.kafepauza.mk_

5. Ставивте премногу масло за коса или не сте ја измиле убаво косата, па сега таа изгледа мрсно? Нема никаков проблем! Исправете ја грешката така што ќе ја испрскате со сув шампон и никој нема ништо да забележи.

6. Ако немате средство за обликување веѓи, тогаш во помош доаѓа сувиот шампон. Тој ќе ги скроти вашите веѓи, секое влакненце ќе биде на своето место, а тие ќе изгледаат и погусто. Сјајно!

7. Ако не сте стигнале да ја бојадисате косата, а вашиот израсток безобразно наѕира, употребете сув шампон во боја (да, и тој постои) и за момент ќе го сокриете фактот дека повторно сте го пропуштиле вашиот термин кај фризерот.

8. Сувиот шампон можете да го користите и наместо дезодоранс, но само во крајни случаи. Секако дека нема да го користите секогаш, но во некои екстремни ситуации и тој ќе ја држи вашата кожа сува. А, некои шампони дури и мирисаат сјајно. Исто така, со него можете да ги напрскате и обувките за да не ви се потат стапалата.

3-eden-proizvod-nekolku-nameni-novi-nachini-na-koi-mozhete-da-go-iskoristite-suviot-shampon-www.kafepauza.mk_

Прочитајте и како самите да си направите сув шампон за светла и за темна коса!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар