Нова сексуална ориентација: асексуализам

Нова сексуална ориентација: асексуализам

Околу 1 процент од луѓето ширум светот се асексуалци – луѓе кои не чувствуваат никаква сексуална привлечност кон друга личност, тврдат научниците. Врвни академици сметаат дека поради „сексуализацијата“ на современата култура, на некои луѓе им се „исклучиле“ сексуалните емоции и тие немаат никаква сексуална потреба и жед. Истражувањата потврдуваат дека 1 процент од светската популација е асексуална, што во превод значи околу 70 милиони луѓе ширум светот не сакаат да имаат секс.Нова сексуална ориентација: асексуализамЕкспертите сметаат дека ваквите луѓе секогаш постоеле во извесен број, но сега почнуваат да ја изразуваат својата ориентација, откако општествата станаа полиберални и премногу сексуализирани, па тие не сакаат да бидат дел од таквата култура.

Професор Ентони Богаерт од универзитетот Брок во Канада, ја дефинира асексуалноста како комплетен недостаток на сексуална привлечност. Тој смета дека постојат 2 форми на асексуалци: луѓе кои имаат некакво ниво на сексуален нагон, но не го насочуваат нагонот кон други лица поради што само мастурбираат и луѓе кои не чувствуваат никаков нагон.

Во 2004 година тој ги анализирал одговорите на 18.000 луѓе од Велика Британија од едно истражување од 1994 во врска со сексуалната ориентација и дошол до констатација дека 1 % од луѓето се согласиле со изјавата „никогаш не сум почувствувал сексуално привлечен од друга личност“.

Според истражувањето од магазинот „New Scientist“ некои асексуалци може да имаат многу мал сексуален нагон, а други имаат нормални сексуални потреби, но едноставно не ги привлекуваат други луѓе. Некои од нив сѐ уште сакаат да формираат блиски и долготрајни емоционални врски со другите луѓе, па дури и да имаат деца по пат на ин-витро оплодување, со цел да го избегнат сексуалниот однос.

Асексуалноста се смета за четвртата сексуална ориентација после хетеросексуализмот, хомосексуализмот и бисексуализмот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Demonic Reply

    Далеку од нова.
    И тешко да се вброи во ориентација, со оглед на тоа дека за да биде некој сексуално ориентиран, треба да има нагон. Овде, не е таков случајот.

Остави коментар