Нова година! Нови спомени! Вашето ново!

Автор: Ана

Нова година! Ќе започнам со нешто различно. Ќе ја оставам типичната колумна за наредните наши средби. За нашите следни кафе паузи… Оваа Нова година, оваа нова 2011, ќе ја напишам вака… Кратко, но со полна искреност…Нова година! Нови спомени! Вашето ново!Нови секунди, нови минути, нова година!

Со среќа, со љубов, година полна со успех.

Да го пречекориме прагот со десна нога!

Да наздравиме!

За нови спомени!

Нови заеднички моменти.

Почит…

Со најблиските, со најдалечните!

Да бидеме сопствени богови.

Да го заиграме орото на сопствениот живот.

Да бидеме свои!

Сè што сме загубиле, да заборавиме…

Пред нас има многу повеќе!

Да си играме љубов, таа не води!

Да си играме среќа, таа не исполнува!

Да си играме со она што ни го нуди новата година!

Да веруваме во себе, во другите!

Да полетаме, да ги рашириме крилјата!

Патешествие.

Разбудете ја сопствената фантазија.

Започнете онака како што срцето ви наложува!

Секој  нов ден, нова приказна!

Напишете ја својата книга!

Споделете ја со другите!

Заедничка здравица…

Среќна Нова!

Секое добро, драги мои!

Со љубов насликана од сè срце!

До следно читање,

Ана

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Milan Reply

    da bideme svoi bogovi, ova mi se dopadna najveke!!!

Остави коментар