Нов универзум

Нов универзум

Автор: Ана

Интересен е начинот на којшто многумина размислуваат… Уште поинтересен е различниот свет на карактерни особини кој не опкружува. Имагинацијата на секој поединец понекогаш оди до такви нивоа на неверојатност што е невозможно да не се забележи, прочита, па многу често и да ни помогне… Книги. Неколку пати споменати во моите колумни, но ми се чини како никогаш да е доста… Толку различни содржини во толку различни форми… Класични, дигитални…

За денес се одлучив да ви говорам за оние кои претставуваат уметност секоја за себе. Нивните содржини, некласично претставени пред вашите очи, создадени да ве забавуваат и да ви дадат друга перспектива на нивното веќе познато постоење. Одбрав неколку омилени за мене…

„Tree of codes“ на Џонатан Сафран Фоер е дефинитивно прва за која ќе ви говорам. Оваа книга не само што ќе ви го збогати умот со уште неколку приказни, туку ќе ви овозможи и да ја преуредувате приказната која ја читате онака како што сакате. Нов универзумПрвично напишаната омилена приказна на Фоер: „Улицата на крокодилите“ од полскиот Автор Бруно Шулц , е преуредена на тој начин што се одземени делови од текстот, односно исечени делови и реченици на кои е оставено празно место, кое вам ви овозможува да ја создадете приказната по крој на вашата сопствена имагинација и желба, поставувајќи ги страните онака како што ви одговара… Неверојатно креативно и инспиративно, како што би рекол и самиот Фоер:
.

„Си помислив, што ако би отишле до таква екстрема и би создале, не нешто старомодно и носталгично, но едноставно убаво? Тоа ви помага да се потсетите колку може да ве изненади животот.“ – за интервју за Vanity Fa

„I wonder“ е втората книга која ми остави прекрасен впечаток. Оваа книга можеби нема да им биде интересна на сите, но на оние кои се занимаваат со графички дизајн, би им била омилена „играчка“ . Полна со фасцинатни визуелизации, логика и убавина, оваа книга ви овозможува да направите слика користејќи зборови и знаци.Нов универзум„Alphabets“ е уште една книга која сигурно нема да ве остави рамнодушни. Визуелизацијата на буквите во оваа книга ја зема главната улога, која го задржува вашето внимание без никакво двоумење. Оваа книга ги претставува простите форми на буквите во една сосема друга рамка. Употребувајќи графички дизајн, прекрасна типографија, стари египетски хиероглифи, стари азбуки, разни објекти, буквите не се само букви во оваа книга… Тие се приказни.Нов универзум„The exquisite book“  е книга-парче уметност во буквална смисла на зборот. Создадена е од страна на врвни уметници кои играле игра. Се работи за 100 прекрасни слики поврзани меѓу себе кои 100 сликари ги создале играјќи колаборативна игра. Делата коишто ќе ги видите во оваа книга не само што се неверојатни, секоја со своја приказна за себе, туку претставуваат мост кој ќе ве пренесе преку целосната слика.Нов универзумСекоја книга со себе носи полни куфери со приказни, еден сосема различен свет од оној кој ние го знаеме. Секоја книга подарува многу повеќе од она што ние можеме да го забележиме. Креативноста, фантазијата, играта, се еден мал дел од она што се сретнува во нив. Читајте книги, драги мои, зашто кога би ги споиле сите книги на светот би создале сосема нов универзум.

До следно читање,

Со љубов насликана од срце,

Ана


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Андреј Reply

    каде може да се најде книгата “Tree of codes” кај нас, односно дали воопшто ја има кај нас во Македонија?!

Напиши одговор на Андреј Откажи одговор