Нов тренд ја освојува модната сцена: Високи чизми за постудените пролетни денови

Трендот кој апсолутно ја освои модната сцена, која подеднакво го носат светските ѕвезди и модните блогерки, нема да ве остави рамнодушни. Кога ќе помислите на нешто модерно и шик, знаете дека станува збор за овој тренд, кој не е само хит за оваа пролет, туку слободно можете да го носите и во есента што следува. Погледнете во продолжение за кој тренд станува збор и инспирирајте се како и вие можете да го носите.

1-nov-trend-ja-osvojuva-modnata-scena-usvojte-go-dokolku-sakate-da-izgledate-trendi-i-moderno-www.kafepauza.mk_

За што се работи? Доколку облечете залепени чизми до колена, а нагоре нешто широко и кратко, имајте на ум дека веќе сте го совладале овој тренд. Ријана е една од оние кои што го обожаваат, а тој секако, дојде директно од модната писта.

2-nov-trend-ja-osvojuva-modnata-scena-usvojte-go-dokolku-sakate-da-izgledate-trendi-i-moderno-www.kafepauza.mk_

Исто така, Кортни Кардашијан го понесе овој нов, моден тренд помеѓу првите, а ние уште тогаш започнавме да се заљубуваме во него.

3-nov-trend-ja-osvojuva-modnata-scena-usvojte-go-dokolku-sakate-da-izgledate-trendi-i-moderno-www.kafepauza.mk_

Макси дуксер или кратко здолниште и бумбер јакна, навистина изгледаат модерно заедно со овој модел на чизми. Овој тренд може да се носи во пролет, со лесни фустани и чизми од велур над колена. А, со интересен елек ќе бидете кралица на бохо стилот.

4-nov-trend-ja-osvojuva-modnata-scena-usvojte-go-dokolku-sakate-da-izgledate-trendi-i-moderno-www.kafepauza.mk_

Заедно со интересна чанта, шешир, впечатливи прстени и друг аксесоар ќе бидете вистинска кралица на уличната мода. Се надеваме дека овој нов, моден тренд навистина ви се допадна. Побарајте во вашиот гардеробер комбинации со кои можете да го испробате уште денес. А ние ви предложуваме уште неколку идеи.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар