Њујоршка диета: уживај во секаква храна и топи килограми

Њујоршка диета: Уживај во секаква храна и топи килограми

За разлика од сите други диети, Њујоршката само го содржи овој збор во неа, бидејќи по ништо не е слична со кој било друг режим на исхрана. Со оваа диета се ужива во храната и животот. Ова е моментално најздравата и најпопуларната диета, која ја држат голем број девојки, бидејќи во неа нема забрани и што е најважно, нема гладување.

Њујоршка диета: уживај во секаква храна и топи килограми

До овие правила морате да се придржувате:

1. Јадете што сакате.

2. Јадете само и единствено кога сте навистина гладни.

3. Не прејадувајте се, туку кога ќе осетите дека ви е доволно престанете. Вашата шака нека биде мерило за количината која ви е потребна.

4. Ужините се неопходни. Купете крекери, костени или суво грозје. Секогаш имајте при себе некоја ужина за да го спречите брзото огладнување.

5. Слушајте го своето тело и јадете во кое било време што ви одговара. Ако ви се пријаде нешто, дури и да е 22 часот слободно јадете. Истото важи и за десерти, како пудинг и чоколади. Најважно е тоа да го правите умерено и во мали количини.

6. Поедноставете ги оброците. Докажано е дека што поголем е изборот на храна, толку повеќе ќе изедете. Задржете се на едноставни комбинации на храна или на иста вечера додека не ви се досади.

7. Не бегајте од протеините и целосните житарки. Лебот, оризот и тестенините не ви се непријатели. Тие се идеални за смислување и комбинирање на оброците. Единствено избегнувајте ги сите бели намирници.

8. Уживајте во зеленчукот, колку што сакате.

9. Најголем непријател ви е брзата храна.

10. Во животот воведете малку физичка активност. Каква било активност е добредојдена.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Весна Пирузева Петровска Reply

    Крајниот резултат на секоја диета зависи од тоа колку ви е изградена свеста кога почнувате со диетата.Тоа е всушност клучот на успехот.Таа свест не се гради преку ноќ.Да си ги затемелите причините заради кои сакате да спроведете некоја диета,тоа ви е првиот чекор.Потоа добро проучете ја диетата што сте ја одбрале и проверете си ја својата моментална здравствена состоба.Која и да е диета што сте ја одбрале првиот чекор е заеднички за сите
    ЗЕМЕТЕ ПОМАЛА ЧИНИЈА ОД ТАА ВО КОЈА ЈАДЕТЕ И НЕ СТАВАЈТЕ СИ ПО ВТОР ПАТ
    ПРЕД ДА ПОЧНЕТЕ ДА ЈАДЕТЕ ЗАПРАШАЈТЕ СЕ ДАЛИ ВИЕ СТЕ ПОТРОШИЛЕ ТОЛКУ КОЛКУ СТЕ СТАВИЛЕ ВО ЧИНИЈАТА ЗА ДА ИЗЕДЕТЕ И
    ЈАДЕТЕ ПОЛЕКА И СЕКОГАШ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЈАДЕТЕ КОГА ЌЕ ПОЧУВСТВУВАТЕ ДЕКА ИМА УШТЕ МЕСТО ВО ВАШИОТ ЖЕЛУДНИК. И
    СЕКАКО ПРИДВИЖЕТЕ СЕ СЕ Е ПОДОБРО ОД СЕДЕЊЕТО И ЛЕЖЕЊЕТО
    Кога ќе ги разберете и прифатите овие неколку правила дали ќе се работи за Њујоршка или друга диета нема голема разлика принципот е исти.Секако попривлечни се оние каде сакате ем да си јадите ем да се топите како мразот на сонце ем ако е можно и да не се мачите многу со вежбање.Но како што се рекло ДВА БОСТАНИ ПОД ЕДНА РАКА НЕ СЕ НОСАТ
    така и вие по малку направете од сето ова и кругот сам ќе се склопи и ќе почне да се движи а вие со малку трпение набрзо ќе ги почувствувате позитивните резултати.
    Вреди да се проба,
    Јас и многу мои следбеници пробавме и успеавме,зошто да не се вброите и Вие меѓу нив ништо нема да изгубите а ќе добиете еднаш за секогаш.
    Ако моите совети ви помогнат тогаш ви благодарам на довербата.

Напиши одговор на Весна Пирузева Петровска Откажи одговор