Ниту една жена која се почитува доволно не треба да ги трпи овие 12 видови однесувања од мажите

Ниту една жена која се почитува доволно не треба да ги трпи овие 12 видови однесувања од мажите

Доколку игнорирате одредено непочитување од мажите, тогаш тоа со сигурност ќе продолжи. Жената не треба да прифаќа да биде понижувана, ниту пак кон неа да се однесуваат на никој друг начин освен со почит. Таа не треба да толерира било каков вид лошо однесување од мажите. Токму затоа погледнете ги следниве 12 суптилни однесувања без почит од страна на мажите на кои треба да ставите крај веднаш.

Ниту една жена која се почитува доволно не треба да ги трпи овие 12 видови однесувања на мажи

1. Врска од типот 50/50. Тој води сметка за сè што правите со цел да се осигури дека вие сте го „платиле“ својот дел.

2. Тој бара да платите на првиот љубовен состанок или пак, на сите состаноци на кои досега сте биле. Никој не вели дека мажите треба да плаќаат секогаш за време на вашата врска, ниту пак дека жените треба тоа постојано да го бараат од нив. Но, кога станува збор за првиот состанок, тогаш кавалерски е да се понуди.

3. Доцнење без изговор или претходна најава. Доколку од самиот почеток на вашата врска постојано го чекате сами, тогаш големи се шансите тој да продолжи со ова однесување до бескрај. Ништо чудно доколку се случи и некогаш целосно да ве заборави. Со тоа само ви дава до знаење дека не ве почитува, ниту пак се грижи за вас.

4. Извисување. Дури и ако следниот ден ви се јави за да ви се извини и без разлика на тоа колку добра причина имал, сигурно можел да најде 3 секунди слободно време за да ви пише дека нема да може да дојде.

5. Постојано откажување или презакажување. Во овие ситуации не можете да не се почувствувате дека сте неговиот втор, па можеби дури и трет избор.

6. Лажење за местото на кое се наоѓа. Всушност сите видови лаги се неприфатливи и неоправдани. Особено ако знаете дека станува збор за лага, а тој упорно се обидува да ве убеди во спротивното.

7. Криење дека се гледа и со други жени. Дури и сè уште да не сте дел од сериозна врска, добро е да знаете точно на што сте со оваа личност. Токму затоа било какво криење информации од негова страна за неговиот живот е исто толку лошо како и директното лажење за нив.

8. Сарказам кој предизвикува потиштеност во вас. Вие не сте должни да трпите никаков вид забелешки и шеги кои се насочени кон вашата тежина, интелигенција или изглед.

9. Флертување со други жени во ваше присуство. Зарем треба да се каже нешто повеќе?

10. Ветувања до кои не се придржува. Доколку тој не се придржува до најмалите ветувања, како можете да очекувате од него да ги одржи оние големите, кои би можеле да имаат силно влијание врз врската?

11. Постојано ви бара пари. И никогаш не помислува да ви ги врти. Зарем вие му изгледате на банка?

12. Ве претставува како пријателка, а не како девојка. Штом тој не сака другите да знаат каков е вашиот статус, тогаш големи се шансите дека крие нешто многу повеќе во врска со неговиот љубовен живот.

Постојат и други видови однесувања, кои можеби се суптилни и на прв поглед не изгледаат страшно, но како што поминува времето така сè повеќе ќе сфаќате дека во нив нема ниту грам почит. Токму затоа ако се двоумите, едноставно запрашајте се како вие се чувствувате кога вашето момче ги прави овие нешта. Ако се чувствувате вознемирено или непочитувано, тогаш имате право да го искажете тоа. Разговарајте за овие чувства и ако нема промена, тогаш можеби би требало да продолжите понатаму.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар