Никогаш нема да признаат: 10 нешта што предизвикуваат страв кај момците во љубовните врски

Иако се припадници на „посилниот“ пол, и мажите имаат свои стравови. Често многу вешто ги сокриваат, па затоа големи се шансите дека не сте свесни за нивното постоење. Ова се 10 работи од кои секој маж се плаши.

1-nikogash-nema-da-vi-gi-kazhat-no-mislat-na-ova-10-raboti-vo-vrskata-koi-kaj-momcite-predizvikuvaat-strav-www.kafepauza.mk_

1. Изјавување љубов

Некои мажи успешно знаат да користат љубовни фрази за да допрат до својата цел, додека за повеќето е тешко да изговорат љубовна изјава. Се плашат од реакцијата, но и последиците од тие изјави, особено ако не се сигурни што чувствува другата половина. Затоа и повеќето од нив ја искажуваат љубовта преку дела, а не со зборови.

2. Страв од обврски

Кога прерано ќе се врзат, мажите ги фаќа паника, бидејќи едноставно не се подготвени за толкава сериозност. Потребно им е време за да ја запознаат девојката и да почувствуваат дека таа е добра за нив, пред работите да станат сериозни.

2-nikogash-nema-da-vi-gi-kazhat-no-mislat-na-ova-10-raboti-vo-vrskata-koi-kaj-momcite-predizvikuvaat-strav-www.kafepauza.mk_

3. Готвењето на саканата

„Мојата мајка не го прави тоа така“ е реченица заради која се ежи секоја девојка, особено онаа која е почетничка во готвењето. Токму тоа е и еден од машките стравови – дали ќе остане гладен од готвењето на својата избраничка или уште полошо, дали ќе се „отруе“ од непрофесионално подготвената храна.

4. Фрижидер без пиво

Омилениот машки пијалак е најдобриот нивен сојузник, без разлика дали станува збор за забава со друштвото или за соло опуштање. Заради тоа е стресно кога мажот ќе ја отвори вратата од фрижидерот и после нервозното барење по полиците ќе сфати дека нема пиво.

5. Жена зад воланот

Мажите сакаат да се фалат со својата храброст, но кога ќе се најдат во автомобил со кој управува женска личност, сѐ паѓа во вода. Тие сакаат да имаат контрола, како и волан во своите раце.

3-nikogash-nema-da-vi-gi-kazhat-no-mislat-na-ova-10-raboti-vo-vrskata-koi-kaj-momcite-predizvikuvaat-strav-www.kafepauza.mk_

6. Балетанки

Дали за излегувањето неговата партнерка повторно ќе ги облече токму тие, за него посебно грди, обувки? Иако за жените балетанките се идеални заради својата удобност, околу 55% од мажите сметаат дека нозете во нив делуваат непривлечно.

7. Неговите љубовни способности

Иако сексот им е често на памет, со тоа доаѓа и прашањето: „Што ако не бидам доволно добар?“ Стравот ќе биде уште поголем ако во минатото имал проблеми на тоа подрачје. Мажите стравуваат од сексуален неуспех.

8. Кога ќе се совпадне датумот од годишнината и финалето на Лига на шампиони

Мажите често имаат проблеми со помнењето датуми, помеѓу кои е и датумот од годишнината. Меѓутоа, добро ги помнат датумите на важните натпревари. Колкави се шансите тие две дати да се поклопат? Оние кои преживеале ваков настан, најчесто биле во неволја, бидејќи морало да избираат помеѓу девојката и пријателите.

9. Запознавање на родителите

Запознавањето на родителите е голем чекор во врската кој потоа има голема улога при одредувањето на нејзината иднина. Тоа е сериозен проблем ако мажот не одлучил каде води таа љубовна врска. Втор проблем, секако, е ако не им се допадне на нејзините родители.

10. Нејзините пријателки

Нејзиното срце го освои, но што е со срцето на пријателките? Што таа потенцијално опасна порота ќе пресуди во нивниот љубовен случај? Многу мажи се плашат од пријателките на својата партнерка, бидејќи се свесни дека на некој начин, и со нив се во врска.

Погледнете зошто момците најдлабоко се вљубуваат во силните девојки.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар