Никогаш нема да бидете среќни доколку не научите да живеете во сегашноста

Никогаш нема да бидете среќни доколку не научите да живеете во сегашноста

Животот е она што се случува сега. Животот се случува додека го читате овој текст, додека ги прелистувате објавите на Фејсбук и лајкувате фотографии. Животот нема да започне еден ден. Нема да започне кога ќе завршите средно училиште или факултет. Нема да започне кога ќе се венчате и ќе основате семејство. Животот нема да започне кога ќе се пензионирате и ќе мислите дека имате време да патувате и да доживеете сѐ што сте пропуштиле додека сте биле млади. Животот се случува секоја секунда од секој ден. Престанете да го чекате она што следува и почнете да живеете за она што се случува сега.

Никогаш нема да бидете среќни доколку не научите да живеете во сегашноста

Додека чекате да ви се случи нешто големо во иднина, го пропуштате она што ви е пред очи. Ги пропуштате врските кои би можеле да ги градите и надградувате. Ја пропуштате среќата на скриените богатства во животната област што сте ја занемариле. Ги пропуштате малите радости на секојдневниот живот.

Ништо не ви ветува иднината. Сега е времето да бидете меѓу луѓе. Сега е времето да работите на тоа да ги остварите вашите соништа. Имате работа? Па, што? Поголемиот дел од луѓето имаат. Доколку тоа не е вашата работа од соништата, треба да најдете време за да работите на постигнувањето на вашата цел. За тоа служат ноќите и викендите доколку работите од 9:00 до 17:00, од понеделник до петок. Можеби тоа не ви звучи многу забавно, или можеби сте уверени дека „немате време“, но ако посакувате нешто доволно силно, секогаш ќе најдете време. Нема да биде лесно и ќе посакате да кренете раце, но ако се откажете, ќе се разочарате себеси и никогаш нема да ги остварите вашите соништа.

Она што е сигурно е дека секогаш ќе следуваат повеќе и повеќе работи. Откако ќе го завршите проектот на кој толку посветено сте работеле, ќе следува уште еден. Откако ќе ја платите сметката, ќе пристигне нова. Секогаш ќе морате да се соочувате со нови задачи и обврски, но тоа е животот. Тие нешта го сочинуваат животот и тоа нема да се промени. Нашиот начин на размислување за овие работи нѐ спречува да бидеме среќни. Не можеме да го ставиме нашиот живот и соништа во заден план само затоа што секогаш ќе нѐ чека нова задача.

Никогаш нема да бидете среќни доколку не научите да живеете во сегашноста

Кога сакате да успеете, ништо и никој не може да ве сопре. Работите напорно, останувате до доцна навечер и станувате рано. Го прескокнувате ручекот, затоа што работата не може да чека. Кога животот ќе се обиде да ви постави пречки на патот, нема да му дозволите. Ќе ги заобиколите препреките и ќе ги пробиете бариерите.

Ќе станете успешни само тогаш кога ќе ви треба успехот толку многу колку што ви треба воздухот за да дишете, сонот за да спиете и храната за да јадете. Не дозволувајте да ви помине животот со тоа што вие само делумно ќе бидете присутни во него. Животот е неверојатен. Имате слобода да одите каде сакате, ја имате можноста да станете сѐ што ќе посакате и ја имате шансата да го живеете вашиот сон. Единственото нешто што ве спречува сте вие самите. Престанете да чекате да дојде петок или утре и почнете да живеете сега веднаш.

Никогаш нема да бидете посреќни, доколку не сте задоволни со вашиот сегашен живот или додека не сфатите дека не сакате да живеете веќе на одреден начин и не ги направите потребните промени. Никогаш не е премногу доцна за да почнете да живеете нов сон или да го промените вашето животно патешествие. Шансите се дека нема да можете секогаш да го ставите автомобилот во рикверц, но секогаш можете да ја промените насоката во која се движите на патот пред вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар