Никогаш не изговарајте го овој збор во кавгата со вашиот брачен партнер

Еднаш изговорениот збор веќе не може да биде повлечен, а некои пак посебна тежина имаат ако бидат изговорени кога сте лути, во средина на кавгата. Еден „отровен“ збор кој никогаш не смеете да го изговорите во карањето со сопругот или сопругата е токму зборот развод. Ова може да има негативно влијание на вашиот брак, па дури да предизвика и непоправлива штета. Еве три причини зошто никогаш не смеете да го споменете овој збор, доколку сакате да ги сочувате здрави вашите односи со партнерот.

Овој збор никогаш не смеете да го изговорите во кавгата со вашиот партнер

1. Овој збор е манипулативен

Некои луѓе го споменуваат разводот додека се караат, надевајќи се дека со тоа ќе заврши карањето и дека партнерот ќе се почувствува исплашено. Сепак, тука станува збор за манипулација и иако може во моментот да го добиете она што го сакате, сепак, проблемот за којшто сте се карале ќе постои и понатаму и кога тогаш повторно ќе излезе на површина.

2. Предизвикува стрес и анксиозност

Зборот развод на вашиот партнер му звучи како ултиматум, а никој не сака ултиматуми. Поради нив партнерот може да се чувствува отфрлено од страна на личноста која би требало да го сака најмногу на светот. Тој може да заклучи дека е подобро да се предаде, затоа што во спротивно би ризикувал губење на вашата љубов, а и на самиот брак. Тогаш може постојано да биде под стрес и да се чувствува вознемирено, бидејќи повеќе бракот не нуди безбедност и стабилност како порано.

3. Партнерот навистина би можел да започне да размислува за развод

Кога партнерот во средина на кавгата ќе го чуе зборот развод, тоа може да го доживее како закана. Без оглед на тоа колку долго сте во брак, не споменувајте го разводот освен ако тоа не е она што навистина го сакате. Заканите за развод никогаш не се решение. Доколку го користите овој збор, партнерот би можел да дојде до момент кога ќе помисли: „Зошто навистина да не го направиме тоа?“ Ова можеби и не била вашата намера, но сега станува реалност што никогаш не сте ниту помислиле дека ќе се случи.

Овој збор никогаш не смеете да го изговорите во кавгата со вашиот партнер

Бракот кој се заснова на празни закани, манипулации и заплашување, никогаш не може да биде здрав и среќен. Секој брачен пар мора да работи заедно и да научи како да се соочи со проблемите. Затоа, престанете да го споменувате разводот на средина од карањето и научете како да ги решавате проблемите. Дури и најмалиот проблем може да стане голем ако го избегнувате. Сѐ додека вие двајцата сте заедно, ќе постојат ситуации кога не би се сложувале, ќе постојат и кавги, но тоа не значи дека ќе се разведете. Научете како да се карате чесно и да ги решавате конфликтите.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар