Нежно, неодоливо, стилски: Ова жешко лето ќе се носат романтични фустани од чипка!

Ако некој тренд се повторува веќе неколку сезони, тогаш тоа дефинитивно е чипката која само добива на популарност, без разлика дали е зима или лето. Истото ќе важи и во наредните месеци, па затоа фустанот од чипка е добра инвестиција, бидејќи е секогаш популарен и во тренд!

Чипката воодушевува уште од своите почетоци, и тоа со својата елегантност, префинетост и софистицираност, а ќе биде вистински хит и ова лето.

Многубројни светски дизајнери ја вклучуваат во своите колекции, а истото важи и за високите улични брендови како што се H&M, Zara, Mango, C&A.

Можете да избирате помеѓу разни видови чипки и бои, но на крај, таа е задолжителен детаљ во текот на оваа сезона. Без разлика дали станува збор за француска или за англиска чипка, важно е само да знаете како да ја комбинирате и да ја носите. Чипката треба да изгледа романтично, но не и премногу старинско, сензуално и секако, да биде избрана со вкус.

Погледнете неколку идеи за тоа како да ја комбинирате и какви модели на фустани би требало да обезбедите за ова лето.

Подгответе се за летото во 6 чекори: Парчиња облека кои ќе ги носат сите трендсетерки!

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар