Неверојатно моќно писмо на една мајка до својата ќерка тинејџерка

Некои родители се обидуваат да ги заштитат своите деца од сè и сешто и поради тоа избегнуваат да ги плашат и оптоваруваат со тешкотиите кои би можеле да ги искусат во нивниот живот. Други родители пак, одговараат на своите деца така што со нив се однесуваат како со возрасни личности, како мали човечиња. Ако мислите дека вториот начин на воспитување е подобар, тогаш големи се шансите дека ќе пронајдете многу корисни совети во следново писмо, која го напишала една мајка за својата ќерка тинејџерка. Овој текст во последно време стана многу популарен на Интернет, и тоа со добра причина.

1-neverojatno-silno-pismo-na-edna-majka-do-svojata-kjerka-tinejdzherka-www.kafepauza.mk_

1. За три години може да те исфрлам од домот

Звучи грозно, зарем не? Да, дефинитивно. Кога ќе наполниш 18 години, ќе имаш две можности кои ќе ти бидат достапни. Првата, можеш да се запишеш на факултет, а јас ќе ти бидам поддршка колку што можам, сè додека не дипломираш и најдеш работа. Или ќе го одбиеш студирањето и ќе пронајдеш работа (никогаш нема да те осудам ако го направиш тоа). Но, во тој случај, ќе мораш да се грижиш за себе. Нема да поддржувам девојка од 18 години која не е образована, бидејќи мислам дека тоа не е добра одлука. Имаш три години за да одлучиш… А татко ти и јас веќе размислуваме како твојата соба да ја пренамениме – ќе биде тоа нашата нова спална соба.

2. Ти си прекрасна личност, ти си преубава, ти си паметна девојка

Ти си многу подобра од мене. Ти си стварно прекрасна личност. Те познавам веќе 15 години, а многу повеќе ме изненади отколку што некогаш сум сонувала дека ќе можеш. Ако некој не те разбира, тоа е негов проблем (добро, тоа е проблем и на татко ти исто).

3. Јас не сум пример кој треба да го следиш

Ти си потполно различна од мене. Имаш сопствен карактер. Не мора да го сакаш она што го сакам јас. Имаш секакво право да го надвладееш мојот авторитет и не мора да бидеш истомисленик на моите вредности. Сепак, постои една опомена за ова – ќе мораш да бидеш самата одговорна за сопствените избори.

4. Ти си слободна личност и јас немам никакви очекувања

Можеш да станеш механичар, бизнис аналитичар, домаќинка, козметички терапевт, водителка или некој што работи на благајната во супермаркетот. Не е на мене да се мешам во твоите избори и животни патишта. Но сепак, немој да ја заборавиш точката бр. 1.

5. Ништо не ми должиш

Не те израснувам и вложувам во тебе, за еден ден тоа да ми го вратиш. Јас не очекувам да ме издржуваш кога ќе бидам стара. Имаш право на избор да се фокусираш на она што е важно за тебе, на она што го вреднуваш. Тоа е твој живот и твој избор.

6. Ти имаш дом

Без разлика на тоа што ќе ти се случи во животот, јас ќе бидам со тебе, ако сум ти потребна. Јас ќе те поддржам, ќе ја споделувам твојата среќа и тага, секогаш ќе бидам тука ако сум ти потребна. Но, нема да делувам непоканета.

7. Јас имам свој сопствен живот

Јас не морам да трчам кај тебе штом ти удриш со прстите, не морам да оставам сè што правам поради тебе или да ја жртвувам својата удобност во целост, за тебе. Можам. Но, не морам.

8. Ти имаш свој сопствен живот

За кој ќе се омажиш, дали ќе имаш деца, какви мажи ќе те привлекуваат, за кој ќе гласаш – сето тоа е твој избор. Моите погледи, страсти и уверувања не би требало да влијаат на твојата одлука. Направи онака како што ти вели срцето и совеста. Кога тоа и ќе го направиш, нема да ме изгубиш, ти засекогаш ќе останеш моја ќерка.

4-neverojatno-silno-pismo-na-edna-majka-do-svojata-kjerka-tinejdzherka-www.kafepauza.mk_

9. Никој нема намера да те повреди

Ова не е лесно да се сфати, но е вистина – сите мислат на себе. И јас исто. Секоја личност на светот, без оглед на нејзината околност, едноставно се однесува на начинот на која таа мисли дека е исправен. Никој нема намера и цел да те повреди. Тие едноставно го прават она што мислат дека е најдобро за нив, како тие тоа го гледаат и ништо повеќе. Се работи само за тоа дека твојата животна карта во целост не се совпаѓа со нивната.

10. Животот не е фер

Не постои гарантиран начин за постигнување успех или за избегнување несреќи. Не можеш да го контролираш светот. Секогаш можеш да направиш сè што е исправно, а сепак да завршиш во некоја несреќна ситуација. Или можеш да правиш сè погрешно, а повторно да живееш на висока нога. Единствената работа за која треба да се грижиш е искреноста. Не лажи се себеси. Научи се да разбираш. Обиди се во целост да ги сфатиш твоите вистински потреби и чувства. И размислувај за она што ќе биде најдобро за тебе.

11. Она што е добро за тебе, секогаш ќе биде лошо за некој друг

Кога ќе добиеш работа на факултетот или место во универзитетот, некој друг ја губи својата шанса. Кога ќе одиш на љубовен состанок со некого, шансите се големи дека е или може да биде нечија прва љубов. Можеби дури и ќе заземеш нечие омилено место во киното. Но, не грижи се за тоа, бидејќи она што е лошо за тебе, ќе биде добро за некој друг, па така сте 1-1.

12. Единствена личност во која можеш да веруваш 100% си ти

Не, дури ни во мене не. Само во себе. Јас не можам да допрам во твојата глава и секогаш ќе постојат неискажани зборови, случувања или ќе сокриваш нешто, од секого. Го знам тоа, бидејќи и самата го правам тоа. Имам и јас мајка. Значи, само ти знаеш сè за себе. И само ти знаеш за што си способна.

13. Не префрлувај ги твоите одговорности на другите

Од твојата 18 година, ти ќе бидеш одговорна за она што се случува во твојот живот. Роди деца, ако мислиш дека ќе можеш да ги одгледуваш. Прифати ја предизвикувачката работа, ако мислиш дека ќе можеш да управуваш со неа. Емигрирај ако мислиш дека ќе преживееш сама во туѓа земја. Сама. Ако имаш среќа и ако наидеш на луѓе кои би сакале да ти помогнат, тогаш ќе ти биде полесно. Но, никој не е должен да ти помогне. Запомни го тоа.

14. Биди подготвена

Секоја акција, секое делување, има свои последици. Многу е веројатно дека нема да можеш да ги предвидиш сите. Но, обиде се барем неколку да земеш предвид. На колку повеќе потенцијални резултати од своите постапки ќе се сетиш, толку ќе биде појако твоето рационално однесување.

15. Ти не мора да ме слушаш мене

Јас ти понудив 14 совети за кои сметам дека ќе ти помогнат подоцна во животот. За твојот живот да биде подобар од мојот. Но, како што веќе наведов, ти не си јас. Немој да се споредуваш со мене. Немој да мислиш дека нашите живот треба да бидат идентичен во секој поглед. Отсекогаш сум посакувала да донесам на свет личност која ќе го живее сопствениот живот. Затоа оди и живеј го твојот живот.

15а. Само немој подоцна да се вратиш и да се жалиш.

15б. И те молам немој да го исклучуваш твојот мобилен телефон, бидејќи тогаш многу се грижам.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар