Неверојатни промени: 3 нешта кои ќе се случат со вашето тело ако престанете да јадете леб

Лебот на многумина им е омилен производ без кој не можат да си го замислат денот. Но, тој исто така е и јаглехидратна бомба која доаѓа во различни видови облици, од кои некои се многу штетни за нашето тело и линија, додека пак, другите заслужуваат само пофални зборови. Но, што ќе се случи со вашето тело доколку целосно го исфрлите белиот леб од вашата исхрана?

Неверојатни промени: 3 нешта кои ќе се случат со вашето тело ако престанете да јадете леб

1. Ќе ги изгубите килограмите предизвикани од насобраната вода во вашето тело

Лебот изобилува со јаглехидрати, па токму затоа нивното брзо исфрлување од исхраната скоро инстантно ќе покажe резултати. Не станува збор за слабеење, туку за губење на водата која се насобрала во вашето тело. Организмот собира јаглехидрати во форма на гликоген, еден вид млечна киселина која собира вода. Секој грам јаглехидрати задржани во телото, насобираат 3 до 4 пати повеќе вода од својата тежина.

2. Нема постојано да бидете гладни

Преработените јаглехидрати кои се наоѓаат во големи количини во белиот леб, предизвикуваат нагло растење и скок на шеќерот во крвта, кои исто толку нагло потоа и опаѓа. Овие луди промени му испраќаат на мозокот нејасни сигнали кои го зголемуваат чувството за глад и жед поради кое и луѓето се здебелуваат. Но, тоа не значи дека вие мора целосно да го исфрлите лебот од вашата исхрана, туку дека треба празните калории од белиот леб да ги замените со оние кои се направени од житарки со целосни зрна кои го регулираат и балансираат шеќерот во крвта.

3. Енергијата ќе ви порасне, а варењето на храната ќе ви се подобри

За разлика од интегралниот или црниот леб, белиот не содржи хранливи влакна кои се потребни за нормална работа на цревата и варењето. Токму затоа тој создава тврда столица и проблеми со варењето. Откако ќе го исфрлите белиот леб од менито и во секојдневната исхрана ги зацврстите продуктите со целосни зрна, вашата работа на дигестивниот систем ќе почне да работи нормално. Исто така, јаглехидратите се и гориво за мозокот. Доколку не ја одржувате работата на мозокот со квалитетна исхрана, тоа ќе се одрази и на вашето тело преку чувство на замор.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар