Неверојатни, но докажани здравствени трикови

Постојат некои неверојатни, но медицински докажани трикови со кои можете да го измамите мозокот и да се решите од секојдневните непријатности, кои ги чувствувате во телото.

Неверојатни, но докажани здравствени трикови

1. Иако може да ви изгледа како смешна идеја, следен пат кога ќе ве чеша грлото, почешајте си го увото. Стимулацијата на нервите во увото предизвикува рефлекс во грлото кој го смирува чешањето.

2. Левото уво, подобро ги „фаќа“ музичките тонови, па затоа не засилувајте го тонот на музиката, туку свртете се кон звучникот со левото уво. Меѓутоа, доколку сте на журка или разговарате на телефон и не го слушате соговорникот, тогаш свртете се со десното уво, бидејќи тоа подобро „фаќа“ брз говор.

3. Доколку имате проблем со слаба бешика, почнете да размислувате за вашата врска или за партнерот, бидејќи научно е докажано дека со таквото размислување го оттргнувате вниманието на мозокот од бешиката.

4. Следниот пат кога ќе ви се затне носот или кога ќе чувствувате болка во синусите, притиснете го јазикот на горното непце, додека во исто време со прст притискате на просторот помеѓу веѓите. Лекарите тврдат дека после 20 секунди поминува затнатоста и се чисти носот.

5. Истиот притисок од претходната точка може да ви помогне и при „смрзнување на мозокот“ кој се случува кога јадете сладолед. „Смрзнувањето на мозокот“ се случува бидејќи нервите на горното непце премногу ќе станат ладни, па мозокот мисли дека на целото тело му е ладно. Тогаш доаѓа до прегревање на организмот поради што не заболува глава.

6. Доколку ви тече крв од нос, тоа можете да го спречите така што ќе ставите парче памук над горното непце, веднаш под носот и ќе го притиснете со прсти. Поголемиот дел од крвта при крвавењето од нос доаѓа од ѕидот на ’рскавицата кој го дели носот, па притисокот на тоа место го запира крвавењето.

7. Кога ве боли заб, земете лед и со него тријте ја дланката, точно на делот помеѓу палецот и показалецот, бидејќи во тој дел постојат нерви кои го стимулираат мозокот да ја блокира болката во устата.

8. Доколку сте се прејале пред легнување и ве мачи стомакот, лекарите советуваат да легнете на левата страна, бидејќи во таа положба стомакот се наоѓа пониско од хранопроводот што оневозможува стомачната киселина да дојде до грлото.

9. Следен пат кога раката ќе почне да ви трне, почнете да мрдате со главата лево-десно и трнењето ќе престане. Оваа состојба настанува поради стегање на нервите во вратот, па размрдувањето на тие нерви ќе помогне таа состојба побрзо да помине. Доколку истото ви се случи со нозете, најдобро е да станете и да пробате да се движите.

10. Доколку претерате со консумирање на алкохол и собата почне да ви се врти, ставете ја раката на нешто стабилно. Алкохолот ја разредува крвта во делот на увото кој е задолжен за одржување на рамнотежата, па така кога ќе ја ставите раката на нешто стабилно му давате на мозокот друга референтна точка, што ќе ви помогне да ја „застанете собата“.

11. Сите оние кои сакаат подолго да нуркаат, задржувајќи го дишењето, неопходно е претходно добро да се припремат. Наместо едно длабоко вдишување, подобро е да направите повеќе кратки . Така ќе можете да издржите барем уште 10 секунди повеќе.

12. Доколку сакате да не чувствувате болка при примањето инјекција, сè што треба да направите е да се закашлате. Научниците велат дека кашлањето го подигнува нивото на притисок во вашиот ’рбетен канал, што го ограничува чувството на болка до вашиот мозок.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. дарко Reply

    Ништо од ова не е докажано, особено па не „научно“ (освен некој изолиран експеримент со 20-30 души) а 90% и воопшто не функционираат (особено тоа за вртењето од алкохол и варењето касно навечер)

  2. sxetle Reply

    ha ha sepak neshto funkcionira

Остави коментар