Неверојатна хит диета – Лежете и слабејте!

Звучи неверојатно, но јапонскиот доктор Фукуцуџи тврди дека со лежење можете да ги изгубите непосакуваните килограми. Наводно овој доктор веќе 10 години се служи со овој метод и им помага на жените да ослабат во рекорден рок. Освен што е многу лесна, оваа диета е и целосно бесплатна. Сè што ви треба е пешкир, кој треба да го завиткате во ролна, јаже, рамна површина и 3-5 минути од вашето време.

neverojatna-hit-dieta-lezhete-i-slabejte-kafepauza.mk

Што треба да правите во тие неколку минути? – Да лежите.

Упатство:

Завиткајте го пешкирот во цврста ролна и добро прицврстете го со јажето за да не може да го изгуби oбликот. Потребно е да седнете на под или на некоја друга рамна и тврда површина. Ставете го замотаниот пешкир под грбот. Пешкирот треба да е малку поширок од грбот. Потоа легнете, нозете исправете ги, раширете ги за да дојдат во ширина на вашите рамења, а стапалата свртете ги кон внатре, така за да ви се допираат палците. Рацете поставете ги над главата, дланките свртете ги кон подот, а малите прсти на двете раце меѓусебно спојте ги.

Повторувајте ја оваа „вежба“ три пати на ден во времетраење од 3 до 5 минути.

Важен совет е после вежбањето да не станувате наеднаш. Прво свртете се на страна додека лежите, па полека исправете се во седечка положба и на крајот станете.

Оние кои имаат проблеми со `рбетот треба да се посоветуваат со доктор пред да почнат да ја применуваат оваа диета.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар