Нескротливи девојки: Зошто на некои девојки им треба само авантура, а не партнер?

Нескротливи девојки: Зошто на некои девојки им треба само авантура, а не партнер?

На мажите им е тешко да ги сфатат нескротиливите девојки. Тие секогаш остануваат збунети покрај нив. Сметајќи дека животната желба на жените е само да најдат сопруг и ништо друго, многу луѓе остануваат зачудени од нивното однесување и дистанцирање од врзувањето и обврските. Ако сакате подобро да ги разберете дивите и нескротливи девојки, еве што може да се каже за нив според она што самите имаат да го кажат за себе.

Нескротливи девојки: Зошто на некои девојки има треба само авантура, а не партнер?

1. Бракот содржи правила, а таа сака да ги крши правилата. Не ѝ пречат заветите во бракот или обврските кои доаѓаат со тоа, едноставно не сака да биде врзана.

2. Таа не сака да одговара никому. Не сака никому да ги оправдува своите постапки. Сака да има целосна слобода да одлучува за начинот на кој ќе се однесува.

3. Бракот бара смиреност, таа бара забава. И таа сака смиреност на моменти, но попрво би се забавувала. Може да направи компромиси, но попрво би ги избегнала.

4. Бракот значи стабилност, а таа сака малку хаос. Нескротливата девојка е спонтана. Никогаш не се знае следниот нејзин потег.

5. Бракот значи раѓање деца, а таа ни самата не сака да порасне. Ги обожава децата, но сè уште не може да се замисли самата себеси како одгледува и свое дете. Ниту таа самата не пораснала, не ни сака да порасне и затоа го одложува тоа.

6. Бракот значи рутина, а тоа нејзе ѝ е здодевно. Зарем мора да руча секој ден во исто време? Можеби ќе сака да прави нешто друго.

7. Бракот знали план за до крајот на животот, а таа сака да живее во моментот. Таа не знае што ќе се случи за две години и не сака да прави компромиси со такви работи.

8. Не сака работите во животот да ѝ зависат од некој друг. Таа е неверојатно независна. Нејзините подеми и падови во животот се нејзина заслуга и одговорност и не сака тоа да се смени и да биде предизвикано од некој друг.

9. Таа не сака да му оди по ќејфот на некој друг. Не одбива да се грижи за својот партнер, но смета дека првенствено секој сам треба да се грижи за себе, а потоа и за другите.

10. Бракот им ја ограничува слободата. Нескротиливите деојки сметат дека бракот им ја ограничува слободата. Тоа за нив би значело дека мора да го напуштат стариот живот и да започнат сосема нов. Тие се не го сакаат тоа. Она што го имаат во моментот им е сосема доволно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар