Нешта кои веднаш треба да ги исфрлите од плакарот

Марина Добрева е стилист, моден претприемач, која живее и работи во Њујорк. Покрај стилските совети, се занимава и со преуредување на плакарите на своите клиенти, преку додавање, реорганизирање или пак исфрлање на некои парчиња облека. Прочитајте кои се нејзините  генерални совети за тоа кои работи една жена треба веднаш да ги исфрли од плакарот.

Нешта кои веднаш треба да ги исфрлите од плакарот

Излитена црна облека

Веднаш исфрлете ги црните излитени џемпери, маици, и кардигани. Купувајте волнени кардигани и џемпери, затоа што не избледуваат како памучните и траат подолго.

Нешта кои веднаш треба да ги исфрлите од плакарот

Смалени џемпери

Многу често во плакарот ги оставате смалените џемперчиња, мислејќи дека сепак ќе се вклопат во некоја комбинација. Но, реалноста е дека веќе не изгледаат убаво и само непотребно зафаќаат простор.

Нешта кои веднаш треба да ги исфрлите од плакарот

Припиени маици

Припиените маици не изгледаат природно и убаво на никого. Купувајте пошироки модели, како оваа десно на сликата подолу.

Нешта кои веднаш треба да ги исфрлите од плакарот

Стари балетанки

Овие треба веднаш да се фрлат! Колку и да сте ги платиле, кој бренд и да се, ако се износени, време е да се збогувате со нив и така да спасите многу убави комбинации. Заменете ги со нови и неизносени за подобар целокупен изглед.

Нешта кои веднаш треба да ги исфрлите од плакарот

Војнички панталони

Панталоните со толку многу џебови се едноставно премногу тешки и воопшто не им прилегаат на дамите.

Нешта кои веднаш треба да ги исфрлите од плакарот

Избледени тексас фармерки

Препорачливо е да се купуваат фармерки од потемен тексас. Исфрлете ги избледените парчиња облека и во иднина купувајте  фармерки со потемен тексас, како овие десно на сликата подолу.

Нешта кои веднаш треба да ги исфрлите од плакарот

Црни чевли

Ако ви требаат чевли кои ќе ви одговараат со сè, подобро купете си некои со кожа боја. Визуелно ќе ви ги издолжат нозете, а и поубаво ќе одговараат со секоја комбинација.

Нешта кои веднаш треба да ги исфрлите од плакарот

Доколку ви се допаднаа советите и сметате дека ви беа корисни, погледнете ја и официјалната страна на Марина Добрева, каде ќе најдете уште многу интересни информации.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. 32957023 Reply

    koi gluposti

  2. olzon Reply

    Тешки глупости.

  3. Monika Reply

    Da isfrlime CRNI CEVLI od plakar? Boze gospode

  4. Kristina Reply

    Kako moze da isfrlime crni cevli koga skoro sekogas so bilo koja kombinacija se pokopuvaat,
    Smalenite dzemperi moze nekogas da se kombiniraat…
    Farmerkite sekoja sezona se nosat izbeleni… neizbelenite poveke nalikuvaat na klasicni pantoloni,
    Farmerkite od pamuk ili likra sto gi imaat izmisleno sega se cista katastrofa samo za zasteda na materijal i cist profit.

  5. аноун Reply

    многу слаби совети!

  6. anathema Reply

    99% од ова се чисти глупости

  7. Ме Reply

    Ај сите шио планирет после ова да ги фрлат војничките памтоли нек ми ги донирет, зш јас нигдњ не можам да најдам, фала.

Остави коментар