Неправди со кои се соочуваат амбициозните жени

Пред некои работи и понатаму ќе ги затворате очите, односно, ќе се обидете културно да ги заобиколите, но ќе ви сметаат. Факт е дека со своите амбиции сте на машки терен, во машки свет и тоа воопшто не е фер. Во продолжение следуваат неправдите со кои секојдневно се соочуваат амбициозните жени.

1-nepravdi-so-koi-se-soochuvaat-ambicioznite-zheni-www.kafepauza.mk_

Постои премолчена можност дека за истата работа ќе бидете помалку платени од некој маж. Можеби не можете ниту да замислите дека ова се однесува на вас, но добро платените занимања кон кои се стремите, имаат политика за молчење околу заработката, па така, никогаш не можете да бидете сигурни.

Секогаш постојат закани дека ќе морате да изберете помеѓу семејството и кариерата и не ви е јасно зошто тој притисок не се однесува и на мажите. Доколку забремените, а тоа не било во долгорочниот план на вашиот работодавец, ќе се соочите со оваа неправда на најдобриот начин. Вие сте амбициозна жена, не заборавајте. Можеби ќе дадете отказ, ќе го родите бебето и успешно ќе започнете сопствен бизнис, во кои вие самите сте свој работодавец. Неправдите понекогаш може да го извлечат најдоброто од нас.

Ако пак ја изберете кариерата наместо создавањето на семејно гнездо и ќе решите дека за вас не е живот на мајка, сопруга или жена која е растегната помеѓу работата и семејството, бидејќи целата ваша сила, енергија и способност се потребни да ги вложите во афирмација, ќе трпите осуда (можеби неизговорена) од страна на вашата мајка и останатите жени кои сметаат дека некогаш ќе зажалите поради таа одлука. И што е најлошо, и самите ќе стравувате дека можеби тие имаат право. Навистина е неправедно кога како амбициозна жена која донесува тешки одлуки, немате поддршка од другите жени. Но, за вас е многу подобро веднаш да бидете свесни за тоа и да не очекувате сожалување од оние кои не биле радикални, така одлучни и храбри како вас.

3-nepravdi-so-koi-se-soochuvaat-ambicioznite-zheni-www.kafepauza.mk_

Од жените во бизнисот се очекува да бидат ладни кучки, ајкули, професионалци за покер – со лик, делотворни и застрашувачки. Бидејќи, ако ве надвладеат емоциите, веднаш ќе бидете означени како лабилни, непрофесионални или уште побрутално, дека сте фрустрирани и незадоволени. Во машкиот свет, единствена прифатлива емоција е гневот – тие го подигаат гласот, удираат со тупаница, се однесуваат одмаздољубиво и крвожедно, но ако на вас ви затрепери гласот и ви се стркала некоја солза, тогаш веќе ве дрма прерана кулминација од стрес, бидејќи според некои луѓе, не е жена за таа работа. Морате да научите како да наметнете застрашувачка харизматична сила од сопствената автентичност, така што сите да ви се тргаат од патот и да се прашуваат меѓусебно како сте расположени денеска, бидејќи нема да знаат дали ќе плачете, ќе ги прегрнувате, или ќе ги пратите во пеколот. Не ви е дозволено да бидете сензитивно женско суштество, освен ако не се занимавате со некоја супер креативна работа во која емоциите се предност и доблест.

Дали ќе го игнорирате сексизмот и ќе ја гледате само вашата работа или борбата против сексизмот ќе ја гледате како дел од вашата работа? И во едниот и во другиот случај, не ви бега голема горчина, борба за предрасуди, глупости и пакост, но тоа и онака би ви следувало, во секоја работа, во секој обид да уживате во себе низ својот повик. Жената на патот за афирмација е изложена на секакви (машки) понуди за да го скрати тој пат и понекогаш се чувствува доста нерасположено, бидејќи мисли дека секој маж може да го загорчи нејзиниот живот.

Постојано ќе бидете свесни дека не го живеете вашиот живот онака како што сте одлучиле и дека не водите само своја борба, туку дека во машкиот свет го претставувате целиот женски род и дека сте должина да ја одбраните честа и да стекнете почит за сите жени, додека истовремено во женскиот свет претставувате модел кој поставува стандарди и примери на кои жените се огледуваат. Не е фер, но вашиот живот и онака никогаш не е само ваш, дури и кога ви изгледа дека е баш така.

2-nepravdi-so-koi-se-soochuvaat-ambicioznite-zheni-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар